Во текот на вчерашниот ден, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, оствари средби со жителите на општината Чешиново-Облешево, во рамки на активностите за промоција на предлог-мерките од програмата на СДСМ.
Шеќеринска посети многу домаќинства во населените места од општината. Локалното население ја запозна со предизвиците и потешкотиите со кои секојдневно се соочува, особено во областа на земјоделството.
Жителите на овој земјоделски регион се пожалија на ниските откупни цени, ненавременото исплаќање субвенции, но и на проблемите со системите за наводнување.
Шеќеринска објасни дека предлог-мерките од програмата на СДСМ кои се однесуваат на земјоделството предвидуваат развој на оваа гранка, како и враќање на достоинството на земјоделците.
Жителите на Чешиново-Облешево го искажаа своето задоволство не само за предлог-мерките кои значат исправање на неправдите кои актуелнава власт им ги нанесува, туку и за предлог-мерките поврзани со воведување бенефициран стаж за земјоделци и ослободување од плаќање персонален данок.