Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Историјата е многу јасна – државите кои имаат сојузници ќе одат напред

0
By Ivana on September 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членството во НАТО беше голем успех и треба да го користиме. Сега како членка на Алијансата, ја имаме моќта да влијаеме на нејзината политика кон нашиот регион, но и пошироко, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното предавање пред слушателите на Школата за политики која е дел од Претседателскиот центар за политичко образование

– Историјата е многу јасна – државите кои имаат сојузници ќе одат напред. Ако успееме да изградиме сојузи кои што ќе бидат трајни, кои што ќе ни бидат предност, тогаш каква било криза може да ја дочекаме на нозе, истакна Шекеринска.

Таа рече дека новите проблеми во светот кои се сè помалку само воени, а сè повеќе хибридни и предизвикани од климатските промени, го наметнале концептот за „зелена одбрана“. Во ваквиот контекст, според неа, војската и одбраната треба да се брзи во промените, да се прилагодат на зголемениот интензитет на суши, поплави и пожари.

– Оттука и одбранбениот фокус ќе биде дека нашите воени капацитети веќе не треба да ги планираме само за воени активности, туку треба да направиме цивилно-воени структури кои што во вакви ситуации ќе бидат побрзи, поефикасни, подобро подготвени и опремени. И тоа е веќе дискусија што полека почна да се води и во НАТО, дополни Шекеринска.

Министерката ја истакна улогата на армиските хеликоптери и на Армијата во гаснењето на пожарите како добар пример дека треба да се зајакнува оваа компонентна на армиските сили и рече дека пожарите кои избија и во многу други држави со посилни капацитети, покажаа дека ниту една земја не може да се справи сама, што се виде и неодамна кога дел од Балканот и Југоистична Европа беа зафатени од огнена стихија.

– Оттука, ако кај некои луѓе во државава сè уште постојат дилеми што за нас значи членството во НАТО, само ќе кажам дека половина од помошта јас како министерка за одбрана немаше да бидам во состојба да ја добијам доколку не беа сојузничките релации кои ги воспоставивме со останатите земји членки, посочи Шекеринска.

Додаде и дека случаите со пожарите ја наметнале потребата од итна реформа на системите за заштита и спасување, за која Министерството за одбрана веќе е задолжено и дека се направени првите чекори за соработка со Словенија, со цел Северна Македонија да ги подобри своите ресурси за дејствување во кризни состојби.

– Со Словенија се договоривме еден дел од билатералната соработка да ја насочиме во таа област т.н. “Програма Берово“. Ќе добиеме и опрема од нив, но не сакам да се базираме само на донирана опрема, туку ќе направиме и наша модернизација на опремата, а ќе праќаме и пожарникари на школи во Словенија. Искуството со пожарите покажа дека мораме да предложиме комплетно нови закони, комплетно нов модел и единствена институција која ќе работи на таа област, истакна Шекеринска.

НАТО Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.