Заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска оствари средба со Лорд Џорџ Фулкс, член на Комитетот за ЕУ и поранешен гувернер на Вестминстер фондацијата за демократија.
На средбата се разговараше за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија и состојбите во регионот и ЕУ, информираат од Центарот за комуникации на СДСМ.
Во рамки на повеќедневната посета на Велика Британија, Шекеринска оствари средби во Министерството за надворешни работи, Лабуристичката партија и Социјалистичката интернационала.