Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска бара одговорност од ВМРО-ДПМНЕ за 24 декември

0
By Нова ТВ on August 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вице-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска побара признавање на одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ за 24 декември. Во нејзината изјава таа вели:

-Единствената стратегија која што ја слушаме од ВМРО – ДПМНЕ секој пат кога државата се соочува со проблем, е да се бараат виновници и прстот да се покажува кон другите.

Тоа го слушнавме и денеска од страна на премиерот Груевски, за еден од клучните проблеми кој што ја мачи и Македонија и македонските граѓани. Тие бараат решенија, а не бараат виновници.

Меѓутоа, токму поради тоа сакаме да го потсетиме и премиерот и да кажеме дека откако беше потпишан првомартовскиот договор, СДСМ се врати во Собранието, учествуваше на локалните избори, учествува или ќе учествува и на пленарните седници и на комисиите за работа во Собранието на Република Македонија и даваше серија на иницијативи како да се врати во игра анкетната комисија.

Клучното прашење кое ниту денеска, ниту вчера, ниту завчера Груевски не го одговори е што тој и ВМРО – ДПМНЕ направија за да овој проблем го оставиме зад нас?

Затоа и во текот на денешниот ден гледаме сценарија за да се минираат разговорите, а не за да се реши проблемот. Жалиме околу тоа, но ние и понатаму ќе останеме факторот кој што ќе се бори за интересите и на оваа држава и на граѓаните на Република Македонија.

На новинарско прашање дали постои можност да биде постигнат договор, Шеќеринска вели:

Ќе повторам по не знам кој пат дека, доколку премиерот и ВМРО – ДПМНЕ одлучат барем еднаш да ги стават државните интереси и интересите на граѓаните пред своите партиски и рејтинг интереси, јас сум убедена дека е можно решение.

Впрочем, она што се случи на 24 Декември на сите им беше јасно. Она што покажаа снимките на 24 декември им е достапно на сите граѓани на Република Македонија, па и на меѓународната заедница, и токму тоа е причината за бегство од одговорноста на ВМРО – ДПМНЕ, затоа што јасно е кој на 24 декември ги исфрлаше новинарите на улица и кој ги исфрлаше пратениците надвор од собраниската сала.

Во тие моменти беа погазени и уставот и македонските закони. Ние сметаме дека Анкетната комисија е возможна и дека Анкетната комисија ќе даде резултат кога сите оние кои што носеа одговорност за таквите одлуки, својот дел од одговорноста ќе си го прифатат, изјави Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025
ФОКУС

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

ВЕСТИ October 14, 2025

Гренландско-данската истражувачка Инге Бисгард, словачката иницијатива „Про Монумента – Превентивно одржување на споменици“, реновираната зграда…

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.