Во минофрлачки напад на преградие на Дамаск загинаа шест деца, а осуммина други се ранети, јавува ИТАР-ТАСС.
Нападот бил извршен од борци на сириската вооружена опозиција. Според сириските медиуми, четири гранати експлодирале на улица во близина на локалното училиште во предградието.
Во минофрлачки напад во Дамаск вчера загинаа осум лица, а 34 беа ранети.