На 17 февруари пред шест години Косово прогласи независност која досега, според Косовското министерство за надворешни работи, ја признале 106 земји меѓу кои сите балкански, освен Србија и Босна и Херцеговина.
Претседателката на Косово Атифете Јахјага, како што е соопштено, по повод Ден на независноста добила честитки од многу светски државници меѓу кои, американскиот претседател Барак Обама, британската кралица Елизабета и германскиот претседател Јоахим Гаук.
Косовскиот премиер Хашим Тачи во ексклузивно интервју за Радио-телевизија Косово изјави дека е уверен дека ќе биде премиер по трет пат
Тој истакна дека иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за отповикување на Владата на Косово влијаела да се оди на предвремени избори.
„Косовската Влада е стабилна, но во Парламентот има нездрави сплетки. Се надевам дека сите во политичкиот спектар на Косово имаат за цел координирано дејствување, а не изненадувања“, рече Тачи.
Премиерот на Косово не го соопшти датумот на изборите, туку напомена дека тој ќе се одреди на заеднички состанок на сите политички партии.
Говорејќи за независноста на Косово, тој истакна дека „без придонесот на Албанија, не би се постигнала слободата“.