НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шест години од обидот насилството да ја украде демократијата: Сведоштва од собранискиот кошмар

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Упад во Собрание
Упад во Собрание
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потесетување на најкрвавиот датум во поновата македонска политичка историја, 27 април 2017 година. Денот кога на долен, примитивен и најбрутален начин имаше обид да се линчува демократијата по цена на човечки животи. Повеќечасовниот ужас во собраниската зграда, за многумина значеше вистинска борба да се остане жив. Затекнати на работното место, новинари и медиумските работници беа распнати меѓу доследнста да известуваат во невозможните услови при упадот на толпата во Собранието и да го сочуваат сопствениот живот.

Траумите и нивната голгота продолжија и подоцна, кога многумина од нив не успеаја да ја истераат првадата на суд. Некои од овие постапки ќе се најдат и пред судот во Стразбур а кај нас сме во очекување на новите законски регулативи за во иднина новинарите- жртви на кривично дело кои веќе се водат
како „лица кои вршат јавен интерес” да се изедначат со службените
лица-жртви, а да не одговараат како извршители на кривични дела од
службена должност.

Во оваа шеста година од „крвавиот четврток“ пренесуваме  дел од сведоштвата, сублимирани во публикацијата на Здружението на новинари на Македонија насловена  „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април 2017 година“.

Освен дупката од куршумот на таванот, веќе ништо не сведочи
дека тука не така одамна се одиграла таква драма

„Собранискиот прес центар, онаа сала каде се одвиваше вистинска
крвава драма одамна е во функција. Оттаму пратениците секојдневно
одржуваат прес конференции, даваат изјави, новинарите се јавуваат во
вестите… Освен дупката од куршумот на таванот, веќе ништо не сведочи
дека тука не така одамна се одиграла таква драма.
Често во оваа сала се наоѓаат пратениците кои таа ноќ беа заробени
и приклештени во аглите на просторијата, дел од нивните колеги кои
ги бранеа, но и оние пратеници кои им овозможија на насилниците да
влезат и да тепаат. Ретко кој од нив го спомнува овој настан. Секој од
свои причини.
Во прес центарот често се и новинарите. Меѓутоа, ретко и малкумина
од оние кои 27 април го поминаа таму се потсетуваат на тоа дека тогаш
го преживеале најтрауматичното деноноќие во животот. Ентузијазмот
дека 27 април нема да остане незавршена приказна речиси и го нема.
Амнестијата на дел од директно одговорните, кои уште се шетаат по
собраниските ходници ја уби надежта за правда. Пресуди за насилниците
и за дел од одговорните има, но никој не е осуден со казна затвор за
повреда на новинар, снимател или фоторепортер. Останаа многу дилеми
и неодговорени прашања.“,

27 април 2017 година. Нов собраниски ден кога на Конститутивната
седница за новиот собраниски состав повторно продолжуваат долгите
дебати меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. На таа седница се очекува
мнозинството преводено од СДСМ да го изгласа Талат Џафери за
Претседател на Собранието.

„Околу 13.30 часот, пратеникот и претседател на СДСМ Зоран Заев се
јавува за збор. Од Собраниската говорница вели дека трпението на
мнозинството што го предводи е пред крај. „За да се избере Претседател на Собранието потребни се 61 глас, не е битно каде ќе биде изборот. Може
на скали, може во ресторанот или во некоја од собраниските сали“ – им
порачува Заев на колегите од ВМРО-ДПМНЕ.
Нервозата станува очигледна, напнатоста може да се сече со нож,
пратениците се раздвижуваат, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ. Влегуваат
и излегуваат од салата…“

Еден од новинарите кои тој ден известуваа од собранието е и Горан
Трпеноски, кој при упадот се наоѓаше во прес центарот.

„Насилниците почнаа да маваат со сè што најдоа во салата, урлаа…
Заев и другите пратеници беа нападнати и беа повредени, скоро сите
беа со раскрвавени глави и пукнати носови. Пратеникот Зијадин Села
беше претепан скоро до смрт. Дел од новинарите избегаа, но јас
останав заедно со други колеги. Бидејќи бев на работа како новинар,
моја должност беше кога видов што се случува да ја алармирам јавноста
дека се случува организиран напад на Собранието и со тоа да се пратат
апели надлежните да реагираат. Дури едно време немаше доволно
луѓе да стојат во живиот ѕид кои ги бранеше Заев, Џафери и другите
пратеници. Да не дојдеше пратеникот Влатко Ѓорчев, да ги брани Заев
и останатите, денес друга ќе беше македонската историја. Панично ме
замоли да застанам во живиот ѕид да помогнам, оти немало доволно
луѓе. Кога веќе беа испратени доволно слики и извештаи до јавноста, а
и цркнаа батериите на телефоните, до интервенцијата на полицијата
бев во живиот ѕид кој ги штитеше пратениците од насилниците
кои останаа во прес салата. Хаос. Обезбедување и полиција немаше. Скоро два саати животите ни беа оставени на милост на напаѓачите,
полиција тек после два саати дојде да не извлече. Страници можам
да испишам за 27-ми април, ден кој сакам да го заборавам. Следниот
ден дојдов во Собранието на местото на нападот. Се расчистуваа
остатоците, а и чекавме да дојде МВР да ја отвори собраниската прес
сала. Ги коментиравме настаните, но тоа е животот и новинарската
професија која ја сакам. Продолжив да работам како ништо да не се
случило. Но, за целата ситуација колку била опасна по живот свесен
станав тек после неколку дена, кога помина адреналинот и кога ги
прегледував видеата и сликите и ги гледав вестите. Да не се повтори!“

Димитар Тануров е новинар кој тогаш известуваше за новинската агенција
Мета. Тој е еден од потешко повредените новинари во насилствата на
„Крвавиот четврток“.

„Кога човек ќе умре, неговите најблиски остануваат да се справат
со загубата, тагувајќи. Според христијанството, на починатиот
му се оддава почит до третата година од неговата смрт, а во тој
временски период неговите најблиски минуваат низ пет фази: негирање,
гнев, „пазарење“, депресија и прифаќање дека животот продолжува
без починатиот. Наскоро се навршуваат три години од 27 април
познат како „крвавиот четврток“ – денот кога анархијата ја погуби
демократијата, а слободата на информирање беше линчувана. Тој ден
никој не можеше да поверува во тоа што се случува, ниту оние кои
шокирано ги следеа настаните пред ТВ екраните или на социјалните
мрежи, ниту пак новинарите кои додека известуваа за хаосот станаа
подвижна мета. Бев нападнат и крвнички претепан затоа што снимав.
На вратот имав закачено прес – картичка, но тоа дополнително ги
разгневи, особено кога видоа за кој медиум работам. По првиот удар се
струполив на земја, а потоа 5-6 лица со тупаници и клоци ме удираа
во пределот на главата и стомакот, обидувајќи се да ми го одземат
телефонот на кој ги имав снимките. Во еден момент успеаја да ми го
одземат, но не престанаа крвнички да ме удираат. Имав чувство како
тоа да трае цела вечност, дека никогаш нема да запрат и дека секој
здив може да ми биде последен. Во еден момент слушнав некој глас, како
вика „оставете го, колега ми е… ОК човек и новинар е!“ и истиот тој,
чие лице за жал не успеав да го запомнам, почна да ме влече и успеа да
ме извади од салата… Нешто подоцна, додека збунето, со крваво лице
стоев пред салата ми пријде момче, кое ме повика да појдам со него за
да ме изнесе надвор.Со недоверба гледав во него и се колебав дали да тргнам по него, затоа што не знаев дали намерите му се искрени или можеби ќе паднам во
некоја нова заседа. Сепак, решив да го послушам. Ставајќи ми крпа
на лицето ме изнесе надвор од Собранието, а попатно на толпата
им велеше „од нашите е, не сакајќи го повредиле“. На овие двајца, чиј
идентитет и денеска не го знам, сум им бескрајно благодарен. Да не беа
тие веројатно немаше да завршам само со потрес на мозок. Нападот
го пријавив во полиција и идентификував еден од неколкуте напаѓачи,
но случајот е заведен како разбојништво. Речиси 10 дена не можев да
добијам потврда дека сум го пријавил случајот, а обвинителството ме
повика да дадам исказ речиси шест месеци подоцна. Можеби споредбата
на овој ужасен настан со поглед во смртта делува преувеличено, но
имајќи го предвид тоа што го преживеавме и низ кои фази минавме по
настанот, се повеќе наликува на тоа.Оваа црна дамка во историјата на државата требаше да биде пресврт за повторно раѓање на демократијата, слободата на информирање, правната држава, за ставање крај на неказнивоста и за враќање на
довербата во институциите на системот. Последните случувања во
земјата сè повеќе укажуваат на тоа дека сега сме во претпоследната
фаза од тагувањето – депресија, по која ќе мора да се помириме и да
продолжиме со животот понатаму. Не радо зборувам за „Крвавиот
четврток“, за тоа што го видов со сопствени очи, го почувствував
на сопствена кожа, како и за настаните кои следеа потоа. Никој не
заслужува тоа да го преживее.“

Зимер Јашари, новинар од ТВ 21 целиот ден го поминува во Собранието.
Додека толпата дивее во прес центарот, навредите се на национална
база, со националистичка, шовинистичка и навредлива и реторика за
Албанците. Јашари им станува мета на насилниците.

Фото: slobodnaevropa.mk

„Целата ситуација ескалираше за кратко време, а ние почнавме да
бегаме низ ходниците, да се криеме и да бараме начин да излеземе
од законодавниот дом. Три лица ме натераа да влезам во бифето,
обвинувајќи ме дека сум Албанец и велејќи ми дека „нашите сестри
и жени се убави“ и барајќи ми да им образложам што ќе известам за
овие настани. Ме навредуваа со погрдни зборови. Она што најмногу ме
зачудува е тоа што покрај физичкото насилство што го преживеав, а од
кое и ден денеска имам последици и болки во колената и ногата, повреди
со кои се здобив во обид да избегам преку столчињата, јас ја тужев
и државата, но до денеска немам никаква реакција за мојата пријава.
Новинарите, снимателите и сите медиумски претставници на терен
се оние кои се даваат најмногу, кои се најмалку платени и се најдобрите
бранители на најдобрата професија во светот – новинарството. Не
само што треба да се заштитат и поддржат, туку треба и да им
се помогне, со оглед на тоа што честопати се измеѓу три огнови:
демонстрантите, полицијата и уредувачката политика. Тие се луѓе
кои немаат одредено работно време, работат и дење и ноќе, на дожд
и на сонце, понекогаш дури и се гушат во солзавец. Сакаме правда за
нашата работа.“

Душица Мрѓа е собраниски извест увач која најмалк у 15 години од
Собранието извест ува секојдневно. Вели дека од „авион“ се гледало
дека тој ден ќе биде поинаков, бидејќи целиот ден се чувствувало нервоза
и тензија. Душица се наоѓала во прес центарот кога упаднала толпата.

Прво ги забележала маскираните насилници и впечатокот веднаш бил
дека точно знаеле каде одат и кого бараат. Известувала преку телефон
во програмата во живо. Добила неколку удари по главата и повреда на
рамото.

„Веднаш ме удри адреналинот. Барав каков и да е начин да стапам во
контакт со ТВ 24 за да известам што се случува. Како напредуваше
лудилото, така се зголемуваше и стравот. Не бев одговорна само за
себе, туку мислев и на мојата екипа од ТВ 24. Знаев дека колку сум
јас погласна и подетална во етер, толку шансите да се преживее
се поголеми за сите. Тоа што демонстрантите и насилниците ме
препознаваа од екраните за мене беше дополнителен хендикеп.
Предавничка, сороспија, слуга на Заев, шиптарска курва беа само дел
од навредите со кои ме „почестија“. Ме удрија од ѕид, добив толку
јак удар по раката што рамото и ден денес ме боли. Добив и удар по
лицето. Кога побарав помош од член на собраниското обезбедување за
Наташа Стојановска, која ја затворија во една сала сама со четворица
демонстранти, добив одговор „Не можам ништо да направам“. Локвата
крв од лицето на Зијадин Села со ноќи ме прогонуваше.
Пред да пукнат димните бомби во прес центарот, на снимка на Фејсбук
се гледа дека сум опколена и како со сета сила се обидувам да истуркам
еден од насилниците, викајќи му дека не можам да дишам. Пред да
влезат специјалците за да не извадат, јас навистина се гушев. Тогаш
помислив – готово е, жива не излегувам оттука. Три години подоцна
вивидно го паметам секој детаљ од „Крвавиот четврток“. Мојата
порака е дека ако нема правда за таа крв, нема никогаш државата да
има мир. А селективна правда, надградена проширена со селективна
амнестија не е правда. Јас не заборавам и не простувам, затоа што
таа ноќ државата беше спуштена на колена, а сите ние линчувани“.

Пораката од овие сведоштва укажува на тоа дека државата за влакно избегна историска катастрофа од која никогаш нема да можеше да се опорави, а жртвите ќе беа многу поголеми, и никогаш не треба да се заборави за да не се повтори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.