Најмалку шесмина загинати во невремето кое ноќеска ја погоди германската покраина Северна Рајна Весфалија и зад себе остави хаос и огромна материјална штетам, јавуваат германските медиуми.
Грмотевици, дожд и ветар од 144 километри на час ја погодија оваа густо населена област со 18 милиони жители, каде беше како во „воена зона“, ги пренесуваат медиумите изјавите на жителите- искршени дрвја, автомобили, урнати огради, паднати канделабри…
На жителите им се препорачува да останат дома се до расчистување на улиците, каде се уште владее сообраќаен хаос.