Делчево и Здружението се подготвени за 6-тата изложба на олдтајмери што ќе се одржи на 17 април на паркингот пред Спомен домот на АСНОМ во Делчево.
„Оваа година имаме најави за доаѓање на колеги и пријатели од Бугарија, од Грција и од Србија и очекуваме да пристигнат околу 100 возила“, рече Трајановски, претседателот на здружението „King’s of the road’s“.
Во рамки на настанот како и претходните години предвидено е доделување на награди за учесниците во повеќе категории.
„Имаме пехари, помали награди слични на пехари кои деновиве треба да ги добиеме, како и плакати и пропагандниот материјал. Годинава по третпат сме запишани во календарот на балкански настани од ваков тип. Новитет годинава е што освен дефилето со возила и доделувањето награди, настанот за прв пат ќе биде збогатен и со настап на рок група“, додаде Трајановски.
Еден од најмладите учесници кој наголемо се подготвува за настанот е Никола Тодоровски од Делчево.
„Подготвувам застава 101 лукс што е произведена 1977 година. Скоро е офарбана и почнуваме да ја составуваме. Кој има можност нека почне да реставрира, ова е многу убаво хоби“, порача Тодоровски.
Организаторите на настанот упатија отворена покана до сопствениците на олдтајмери доколку имаат слободно време да дојдат на 17 април во Делчево и да го претстават својот стар автомобил на 6-тата изложба на олдтајмери. Воедно апелираа до сопствениците на останати автомобили, во недела да не ги паркираат на паркингот кај АСНОМ, се со цел да се обезбеди доволен простор за самите учесници.