Шеста ноќ по ред се палат автомобили се палат во предградијата на Стокхолм, кои се населени со имигранти и покрај засиленото полициско присуство на улиците. Но, обемот на немирите бил помал од претходните вечери.
Немири првпат се случуваат и надвор од главниот град на Шведска, откако помлади лица запалиле возила во уште два града, Оребор и Линкопинг.
Според податоците на проитивпожарната служба, во Стокхолм синоќа имало 70 пожари, а претходната ноќ, полицијата регистрирала 90 пожари.
САД и Велика Британија ги предупредија своите граѓани да ги избегнуваат деловите на градот зафатени со немирите и да ги следат локалните официјални извештаи за безбедносната ситуација.
Немирите почнаа пред шест дена во Хусби започнаа кога 40-ина млади лица почнале да палат автомобили и фрлаат камења кон полицијата. Како причина за избувнување на немирите се наведува убиството на еден 69-годишен маж во Хусби минатиот понеделни