Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеста препорака и прва јавна опомена дека таа може да се загуби

0
By Светлана Јовановска on October 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Комесарот за проширување ја опиша денес приказната за проширувањето која тој се обиде да ја гради во текот на пет години за време на својот мандат. Денес во Европската комисија видео техниката му помогна на Штефан Филе да стави акцент на неговата петгодишна активност со земјите аспиранти на членство која, според него, изгради зајакната кредибилност на процесот која тој му ја остава на својот наследник Австриецот Јоханес Хан.

„Ве уверувам дека оваа приказна е кредибилна“, изјави Филе.

На денешната прес конференција во Европската комисија (ЕК) во Брисел комесарот Штефан Филе потсети на акцентите на извештаите во изминатите пет години.

Така тој посети дека во 2010 година извештајот ја повторува препораката дадена пред тој да дојде на комесарското место во времето на Финецот Оли Рен. Потоа во наредните години препораката се повторува но секоја година се зголемува и бројот на негативни забелешки што Македонија ги бележи. Во оваа 214 година Филе констатира дека процесот на македонската евроинтеграција е во ќор-сокак. Спорот за името не е решен и го блокира отворањето на преговорите но, комесарот денес на прес конференцијата практично не го спомена спорот со името. Тоа е пречка за старт на преговори но поголема пречка е реформското назадување на Македонија.

Оваа година пораката за Македонија е далеку поостра од претходните години. Како свое наследство за нашата земја Филе се одлучи да ја остави валидна препораката за почеток на преговори за ЕУ но одлучи исто така да проговори многу поотворено.

Така, на оваа препорака и е додадена реформска условеност. Пораката ќе биде одземена доколку Македонија продолжи да чекори наназад како што годинава нотира извештајот за напредок.

„Со оглед на кумулативниот прогрес што земјата го направи, Комисијата смета дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети и ја задржува препораката за отворање преговори за членство но жали што се направени чекори наназад во текот на изминатата година. Комисијата бара од властите да преземат одлучна акција за да се решат зголемената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето на начин кој ќе дозволи препораката да остане одржлива и во идните години“, вели документот. 

Како и секоја година така и оваа Европската комисија (ЕК) дава детален опис на политичката, економската и социјалната ситуација.

Политичкиот дел на извештајот вели дека меѓуетничките односи и понатаму се кревки и тоа и понатаму е предизвик за земјата. Помеѓу заедниците и понатаму има недоверба и затоа “се неопходни понатамоѓни проактивни иницијативи за промовирање на меѓуетничко општество”, вели текстот.

ЕК смета дека во Македонија “политичката култура се повеќе создава поделеност и тоа резултираше со две политички кризи и прекин на политичкиот дијалог”. Партиите во владата ги измешаа партијата и државата и со тоа ја поткопаа довербата во институциите.

Комесарот Филе, одговарајќи на прашање на НОВА денес во Брисел за слободата на медиумите која се влошува, рече дека според него би било добро да се создадат услови на инклузивност на процесот. Филе смета дека треба да се создадат услови за политички дијалог помеѓу владата и опозицијата а потоа тие заедно да најдат форма за дијалог со медиумите и да ги решат проблемите. Но, според Филе, за секој дијалог, политички или со медиумите, е потребна политичка волја и тој се надева дека неговиот наследник Јоханес Хан ќе успее да помогне доколку таа политичка волја се манифестира.

„Постои сериозна загриженост за контролата на владата врз јавните институции и медиумите. Проблемите – кои се наоѓаат и во извештајот од минатата година – за слободата на изразувањето и медиумите, независноста на судството и квалитетот на судството мораат да бидат решени“.

Ситуацијата на слободата на изразувањето останува високо проблематична, вели извештајот. Владата индиректно ги контролира државните медиуми преку рекламирање и јавниот сервис не ја игра својата улога и не дава балансирани содржини и е политички зависен. Тоа, потсетува ЕК, го забележа и ОБСЕ во изборите и оваа и минатата година. Новинарските стандарди и етиката се ниски.

Во истиот дел Брисел забележува дека овој септември владата дала податоци за рекламите во медиумите но бројките не се комплетни. Комисијата сепак не успеала да открие кои медиуми се главни корисници на владините кампањи и врз кои критериуми овие реклами се доделуваат.

Критика доаѓа и за самите новинари кои се тужат едни со други и покажуваат дека во професијата нема солидарност но има и тужби на политичари против новинари но и политичари против политичари.

Според ЕК, владата треба да промовира начин на решавање на проблемите кој нема да минува преку тужби и судови а новинарите и јавните личности потоа да го следат тој пример.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.