Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шесте француски воени авиони Рафал пристигнаа во Грција

0
By Mirjana on January 19, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони.

Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, претседателот на Парламентот, министерот за одбрана, францускиот амбасадор, а воените авиони откако влегоа во грчкиот воздушен простор, беа придружени од четири грчки Мираж, прелета на атинското небо и над Акропол пред да се упатат кон базата.

Од контролата на летање во воената база до пилотите на Рафал беше упатена пораката: “Добредојдовте дома“, а при слетувањето беа пречекани со топови вода, се одржа и религиозен ритуал и беа осветени.

Грчкиот премиер во неговиот говор рече дека новите воени авиони имаат и геостратешко значење бидејќи „ја прават грчката воена авијација една од најсилните во Европа и Медитеранот“ и истакна дека за „Грција секое зајакнување на нејзината одбрана претставува израз на мир“.

Додаде дека „со истата решителност со која земјата ја затвора вратата за секоја закана, ги држи отворени прозорците на дијалогот“.

Паралелно, соопшти дека ослободени од данок ќе бидат надоместоците за летање и нуркање поврзани со летови, операции со падобрани, со подморници итн, а мерка се однесува пред се на армијата, но и на грчката полиција, противпожарната и крајбрежната служба.

Во Грција треба да пристигнат уште 18 воени авиони, од кои шест во текот на годинава, уште шест кон средината на 2023 година, а веднаш потоа и последните шест Рафал.

Договорот за набавка на 18 француски Рафал во јануари минатата година го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли, а десетина дена претходно грчкиот Парламент, со широко мнозинство го изгласа законот за набавка на шест нови и 12 половни воени авиони со вкупни трошоци од 2.49 милијарди евра и освен набавката, вклучуваат и трошоци за одржување, како и за набавка на опрема, односно оружје за самите авиони.

За време на Меѓународниот саем во Солун во септември минатата година, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека ќе набават уште шест француски воени авиони Рафал, а според грчката новинска агенција АНА-МПА во следните седмици се очекува потпишување на дополнителен договор за новите шест Рафал авиони.

6 воени авиони Грција Рафал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

ВЕСТИ September 16, 2025

Aпсолутен рекорд – 28 поглавја од преговорите се отворени за 11 месеци.

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.