НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шетале за време на изолацијата, давале лажни адреси, се дружеле-можни се карантински мерки

0
By Менче Атанасова Точи on May 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не ги почитувале мерките за заштита, шетале за време на самоизолација, давале лажни податоци и адреси на живеење, се со цел да не им стигнат решенија за самоизолација. Масовните дружења, седенки, ифтарски вечери, непочитување на дистанца и ненесоње на маски, се причината за зголемениот број на случаи со Ковид-19, како и новите кластери.

Најзагрозени се општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром  каде што има поголема концентрација на нови заразени од  периодот на строгите рестриктивни мерки. Заразени се цели семејства. Зголемен е бројот на старите кластери, но има и нови. Доколку трендот на пораст продолжи и во текот на викендот, се размислува да се воведе карантин во овие општини, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

„Епидемиолозите имаат серизозен проблем со луѓето, многу од нив даваат лажни податоци, кажуваат лажни адреси на живеење. Ние будно ќе ја следиме состојбата за време на викендот и почетокот на наредната недела, се уште мислиме дека е ова варијација. Доколку продолжи, ќе предложиме карантински мерки за кои ќе одлучуваме потоа, во текот на наредната недела. Карантинските мерки во овие четири општини би биле по принципот на Дебар, да се ограничи движењето надвор од општината и ограничување на движењето внатре во општината“, изјави министерот Филипче.

Дури и семејство на починат пациент не давале податоци и не соработувале со епидемиолозите, па така се случило да го погребат со сите верски ритуали, да го допираат пред погребот, додека не стигнал резулатот од брисот, постмортем.

„Многу е тешко да се пристапи и до семејството кое што апсолутно одбило да контактира и комуникација со епидемиолозите, како за организацијата на чинот на погребот од кои им било кажано дека починатиот е позитивен, така и во однос на давањето на податоци за тие контакти и присутни на самиот чин на погребот. Ова е сериозен проблем за епидемиолозите. Во насока на тоа, секаде каде што епидемиолозите и Државниот санитарен и здравствен инспекторат има потреба го известува Министерството за внатрешни работи“, рече Филипче.

Тој најави засилени контроли, а од МВР побара поголема ажурност и санкционирање на сите што не ги почитуваат мерките. Филипче потенцира дека и покрај олабавувањето на мерките и укинувањето на полицискиот час, мерките за заштита остануваат и како што рече, тие се јасни и не се тешки за да се применуваат.

„Огромен број граѓани не се свесни дека вирусот постои за сериозноста на болеста. Занемарување на вирусот нема да ни помогне, туку ја отежнува ситуацијата. Ние успешно го амортизиравме ударот, можеби заради тоа не ја почувствуваа сериозноста, но имаме заболени, имаме починати. Жално е што цели семејства не ги почитуваат мерките за самоизолација“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека загрижува фактот што не се почитуваат мерките на заштита во Тетово и Штип до кои дошле по направените контроли од ДСЗИ.

„Во Тетово не се почитува самоизолацијата, не се носат маски, не се држи дистанца. Во Штип не се почитуваат правилата за транспорт во фабриките за конфекција, во тој превоз се испомешани луѓе од повеќе фирми. Еден погон од конфекциска фабрика е затворен . Таму има 17 заболени, а има 70 луѓе со кои биле во контакти“, нагласи министерот Филипче.

Тој рече дека во последните две недели процентот на заразени е 5,5, а во него е вкалкулиран и скринингот од моментот кога почна да се прави во градинките. Исполнетоста на капацитетот на болниците е 11 проценти и за нив рече дека тие се во добра кондиција. Бројот на оздравени здравствени работници е висок, над 92 проценти.

Инциденцата во последните 14 дена е 10,3 проценти т.е. три пати помала од пикот во април.  Министерот рече дека има 15 градови во кои биле регистрирани болни, а повеќе немаат заразени. Во шест градови има до пет активни случаи.

Во однос на продолжување на вонредната состојба, Филипче рече дека, тие во Комисијата за заразни болести се за продолжување, но дека тоа зависи и од други фактори.

Според Филипче, Владата при носењето на одлуките за верските заедници и изборите исклучиво се водела по препораките на Комисијата за заразни болести и тука немало никаков компромис.

„Впрочем и за сите други објекти, вклучително и за верските важеа и тогаш препораките коишто сега важат. Требаше да има само поголема контрола и да се спроведе тоа што и сега е на сила, а тоа е да нема групни собири и таму каде што има некаков собир, а знаете дека сега тоа е забрането,  ако се најдат повеќе луѓе да се носат маските што не се случуваше. И тука го гледаме проблемот. И токму од таквите настани сега се случува да имаме нови и нови пациенти. Значи, истите тие мерки за коишто имаше медицинска оправданост и се уште има, важат и сега, важеа и тогаш, донесени се и препорачани до Владата, Владата ги прифати и ги имплементираше“, рече Филипче.

Во однос на скринигингот досега се откриени 5 позитивни случаи, од кои 4 во градинки во Скопје и Битола и еден случај во Геријатриска установа. Тој посочи дека нема тактизирање со скринингот на градинките околу вклучување во целосната бројка за да се намали процентот на новооткирени заболени.

Во однос на работата на угостителските објекти, министерот Филипче потенцира дека протоколите се јасни и дека не се размислува за намалување или промена на работното време. Укажа на тоа дека треба да има сосема мал број на гости и да се запазат принципите на овие препораки.

Протоколи се изработени и за базените, но идната недела ќе се одлучува кога и како ќе се пуштат да профункционираат базените и фитнес центрите.

Филипче изјави дека утринава и Бугарија соопштила дека ги отвора границите за земјите од ЕУ, како и за Србија и Македонија, но нагласи дека за тој момент сега не се одлучува, туку од понеделник натаму. На прашање на НОВА дали е можно некоја од соседните држави да забрани влез за наши граѓани доколку бројот на заболени се зголемува и понатаму, Филипче рече дека тоа е национална политика на секоја земја и додаде дека отворањето на границите ќе има регионален пристап.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.