Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Истрелот на Тасевски спречи поголема катастрофа во Собранието

1
By Нова ТВ on September 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На продолжението на судењето за “крвавиот четврток” денеска сведочеше и тогашниот пратеник сега градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој во своето сведочење во детали раскажа што видел и што слушнал дента на 27 април 2017 година.

Тој рече дека е убеден дека упадот во Собранието е кулминација на добро смислена акција креирана неколку месеци порано.

“Слушавме тепање, викање, удари, закани. Дел од обезбедувањето на Заев и Спасовски излезе надвор пред вратите но по извесно време се вратија и рекоа дека не можат да издржат да ја задржат дивата орда да влезе во прес салата. Саше, еден од обезбедувањето се повлече кон нас и тој беше последниот што остана да ги брани нашите животи”, рече, со треперлив глас и насолзени очи, Шилегов.

Според сеќавањето на Шилегов нападите кон пратениците на СДСМ биле континуирани и јаки се’ додека еден од членовите на обезбедувањето на Оливер Спасовски не извадил пиштол и не испукал куршум во воздух.

“Пред тоа тој не’ праша дали да извади пиштол. Спасовски му дозволи а и сите ние. Само му рековме да не пука во луѓе. Иако нападите не престанаа, мислам дека тоа спречи поголема катастрофа”, рече Шилегов.

Тој уште кажа дека добиле помош и заштита од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров.

“Ѓорчев дојде во прес салата со уште неколку луѓе кои ги знаеше по име и направи тампон зона помеѓу нас и ордата. Подоцна пак Тодоров се понуди заедно со брзата помош да бидат евакуирани неколку пратеници од СДСМ меѓу кои и јас. Ние тоа го одбивме. Рековме или сите ќе излеземе или никој”, сведочеше Шилегов.

Шилегов пред судот тврдеше дека тој, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Мухамед Шаќири биле “на листата за егзекуција на ордата” затоа што, како што рече тој, толпата во прес центарот ги извикувала нивните имиња, ги навредувала и им се заканувала дека сите ќе ги убие, “ќе ни ги убие децата, семето ќе ни го сотре”.

Како и на сведочењето на Зеќири така и сега адвокатот Еленко Миланов побара од судот да му дозволи да прочита дел од исказот на Шилегов даден пред обвинителството за време на истрагата. Миланов смета дека исказот на Шилегов даден пред обвинителството и денеска пред судот не се совпаѓаат, а тоа може суштествено да влијае врз текот на постапката и подготовката на одбраната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.