Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов на “360 Степени”: За 4 години присутвото на ПМ10 во воздухот е намалено за третина, а институциите од котли на мазут ги префрливме на природен гас

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје веќе не е најзагаден град во Европа, а веќе не ниту најзагаден град во Македонија, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов на дебатата на телевизија Алсат. Тој откри дека за четири години успеал просечната вредност од 71 микрограм на метар кубен да ја намали на под 40, што претставува намалување за една третина.

-Децениските депонии беа исчистени и успеавме да исчистиме и осум илјади оџаци, поделивме над пет илјади инвертер клими, изработивме 110 километри велосипедски патеки, купивме 33 еколошки автобуси. Изработивме целосно нов систем на јавен транспорт, еколошки, кој треба да биде имплементиран во наредните две години и тоа се резултати кои придонесоа за намалување на загаденоста, нагласи Шилегов.

Тој кажа дека се уште престои борба против загаденоста која мора да биде системски испланирана, а не само нафрлена.

-Во крајна фаза сме на терцијарната гасификација, процес кој ќе се одвива на територијата на целата држава, но во исто време интензивно работиме, така што променивме над сто котли на државните институции кои користеа мазут, а сега се веќе на природен гас. Тоа значи дека гасификацијата е започната, особено во државните институции, истакна Шилегов.

За комплетно да се реши проблемот со загадувањето тој истакна дека мора да се пристапи кон решавање на проблемот со јавниот превоз, со снабдувањето со топлотна енергија, но и со ад-хок мерки.

Тој кажа дека изминативе четири години Скопје има нов правец и наместо за барок, статуи и лажна бронза сега градот се занимава со решавање на сериозни инфраструктурни прашања и додаде дека 26-годишната негрижа за градот сега е заменета со носење храбри одлуки.

Тој додаде дека после 40 години со добро планирање и напорна работа е развиен нов сообраќаен систем и веќе е подготвена финансиската конструкција и треба да се започне со имплементација.

Според него направени се нови сообраќајни студии во однос на движењето на патниците во градот за определени точки кои биле невралгични по што биле спроведени тендерските постапки за проектирање на булеварите коишто сега се во фаза на реализација.

-Ако некој мисли дека треба да се скокаат етапи тогаш не мислам дека е доволно спремен за кандидатура за градоначалник, вели Шилегов.

Град Скопје локалн избори 2021 Петре Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.