Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Загадувањето не може да се реши преку ноќ-ова е негрижа од три децении

0
By Нова ТВ on October 31, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги живееме последиците од тоталната негрижа за Градот и на животната средина во изминатите три децении. Досегашните централни и локални власти не го решаваа проблемот со аерозагадувањето во неговата суштина. Најголема грешка што ја правиме сите е да кажеме дека загадувањето може да се реши преку ноќ, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24 рече дека во изминатите две години се поставени сите услови за суштинско решавање на овој проблем и оти се работи на намалување на загадувањето што доаѓа од домовите, како и на трансформацијата на јавниот превоз и на зајакнувањето на инспекцискиот надзор.

Очекува претпријатието „Градски енергетски системи“ до крајот на годината да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија и да се поврзат трите топловодни мрежи на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север. Готова е и проектната документација за спојување на овие три топлински мрежи.

– Топловодните мрежи во нашиот град беа нелегализирани. Изработивме 17 елаборати за легализација на топловодната мрежа за да може да го преземеме правото за користење и очекувам по Нова година кога ќе ја добиеме лиценцата да ги поврземе овие топловодни мрежи и да влеземе во правењето на најевтината и најеколошката енергија до што е можно повеќе домаќинства, рече Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.