Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева со споменувањето на Тито е глупост

0
By Нова ТВ on November 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Секоја глупост бара алиби, а ставот на Захариева не е ништо друго, освен глупост. Обидувајќи се да ја спаси позицијата на Бугарија, која мислам дека повеќе ѝ наштетува на Бугарија отколку на Северна Македонија, се обидува да ги измести тезите. Она што се случи во Скопје на 13, односно 14 ноември е изложба од Белгија со поставка за Тито и ништо повеќе. Сега, барајќи алиби за сопствената глупост се изместуваат тезите и се прават обиди да се објаснат необјаснивите позиции на Бугарија за почеток на преговорите на северна Македонија со ЕУ“, изјави Шилегов во разговор за бугарската ТВ Европа.

На прашањето за коментар дека во ослободувањето на Скопје учествувале и бугарски војски, односно Првата бугарска армија, Шилегов вели дека Скопје го ослободиле партизански единици на НОВ, придружувани од дел од трансформираната бугарска окупациска војска.

„Она што се случило во ‘41 година е окупација на Македонија од царската бугарска војска која во ‘44 заради сплет на околности се трансформирала во ‘отечествен фронт‘. Тоа се работи кои де факто се случилео и не треба да мижиме пред тоа, но да се зборува дека окупаторите кои се трансформираа во ‘отечествен фронт‘ го ослободиле Скопје е непринципиелна позиција, тие биле затекнати тука како окупциски војска и ја следеле глобалната политика на Бугарија во тој период. Треба да се погледне малку поинаку сопствената позиција. Не може да се избегне дека Бугарија била колаборатор со фашистичка Германија“, одговара Шилегов.

Тоа, според водителот, е историски факт, но неговото прашање е како изгледа бугарската позиција да не биде третирана како окупатор туку како бугарска администрација во тогашна Македонија.

„Мојот град загубил 5.000 жители за време на администрирањето. Од нив 950 во борби со администраторите, како што ги нарекувате, а останатите се цивилно население. За нијанса да бидеме покоректни како народи за да може шансата која си ја имаме дадено со Договорот да ја искористиме во најповолна смисла. Во моментов за жал има враќање на позициите на Бугарија назад кои за мене се неразбирливи. Треба многу внимателно да зборуваме. Замислете во кампања ние да користиме антибугарски позиции“, вели Шилегов.

Според него, алиби за глупоста е и тврдењето на Бугарија дека во земјава се води антибугарска кампања, додавајќи дека позициите на Захариева се едноставно непринципиелни.

Реакциите во Македонија, според Шилегов се оправдани, бидејќи никому не му треба документ за да му каже дека е Македонец.

„Најлошото нешто во моментов е тоа што се случува, да се враќаме назад во историјата за да бараме алиби за сопственото поведение. На нашите граѓани имтреба подобра сегашност и извесна и стабилна иднина. Некогаш во политиката и не треба дипломатија, замислете да ми кажете дипломатски дека моите корени се бугарски исто и јазикот, ако е спакувано во добар збор не значи дека е правилно. Долгорочно ова е губитничка позиција пред сѐ за Бугарија“, одговори Шилегов на забелешката дека не зборува баш дипломатски.

На прашањето, нели е лесно да се одговори на барањето од Софија да кажеме дека корените ни се бугарски, Шилегов возврати со прашање: „Ако бевме во обратна позиција, и кажевме ‘да, само ако кажете дека вашите корени се македонски‘, што ќе одговоревте?“, но остана без одговор од водителот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.