Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шиц: Разговорите мора да се продолжат, и Бугарија сака С Македонија да се приклучи во ЕУ

0
By Нова ТВ on December 25, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија многу посакуваше до крајот на годината да се одржат првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, но за жал не е можно да се увери Бугарија да даде согласност, па разговорите мора да се продолжат наредната година, при што постојано стававме јасно до знаење дека за билатералните прашања, особено историските разлики, нема место во процесот на проширување, вели директорката за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи Сузане Шиц во интервју за Дојче Веле.

Таа нагласува дека приближувањето на Западниот Балкан кон ЕУ е стратешки важна одлука за регионот, но и за Унијата, па затоа тоа беше еден од приоритетите на претседавањето на Германија со блокот.

– Ако фрлиме поглед на 2020 година, не радува што на Западниот Балкан имаше важен напредок. Иако можеби луѓето во регионот се надеваа на уште повеќе, чашата треба да се гледа како полуполна. Така, во март имаше многу важна одлука на земјите членки на ЕУ за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија – важна политичка одлука, која успеа дури по повеќе обиди. Се разбира дека многу посакувавме веќе на крајот на годината да се одржат првите конференции за приклучување. На овој пат стигнавме доста далеку со двете земји, нагласува Шиц.

Таа изразува разочарување поради тоа што и покрај „навистина интензивната работа“, Бугарија и Северна Македонија не се успеаја да изнајдат компромис, но потенцира дека не смее да се заборави дека оваа година земјава стана членка на НАТО.

– Во случајот со Северна Македонија, за жал, не е можно Бугарија да се увери да даде согласност. Но, и Северна Македонија имаше црвени линии преку кои не можеше да се премине. Сега разговорите мора да се продолжат наредната година. Притоа, постојано стававме јасно до знаење дека билатералните прашања, особено историските разлики, немаат место во процесот на проширување. Затоа и пледиравме прашањата кои се однесуваат на заедничката историја да се дискутираат во Комисијата на историчари која ја создадоа двете држави во рамките на Договорот за пријателство. Конечно, и Бугарија сака Северна Македонија да може да се приклучи во ЕУ, потенцира Шиц.

Таа потенцира дека Германија ќе продолжи да работи на процесот на проближување на Западниот Балкан кон ЕУ, особено имајќи предвид дека земјата во 2021 година ќе претседава со Берлинскиот процес, преземајќи го претседавањето од Северна Македонија и Бугарија.

– Во рамките на нашето претседавање со Берлинскиот процес ќе го продолжиме дијалогот со цивилното општество и младите. Се разбира, и од владите во регионот постојано ќе бараме придржување до основите на правната држава и уште поактивна борба против корупцијата. Освен тоа, има и други елементи, како прашањето на образовните системи и борбата против невработеноста. Важно е земјите сами да создадат услови за да им дадат на луѓето таму перпектива за иднина за себе и за нивните семејства, потенцира Шиц во интервјуто за Дојче Веле.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.