Германскиот министер за финансии го предупреди Кипар дека кризата со која се погодени банките значи дека можеби никогаш нема да бидат во можност да се отворат ако ги одбиваат условите на помош за извлекување, јавува Би-Би-Си.
Волфганг Шојбле изјави дека главните кипарски банки беа “несолвентни ако немаше итни фондови”.
Тој говореше по потегот на кипарскиот парламент, кој ја отфрли меѓународна помош за извлекување, кој значи договор со кој ќе се воведе еднократен данок на банкарските депозити.
Во тек се преговори да се обидат да се договори алтернативен план.
Лидерите на политичките партии во Кипар треба да се состанат подоцна откако парламентот го отфрли контроверзниот план, предложен како дел од 10 милијарди евра помош за извлекување од кризата