Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шокантно фото: Мумифициран човек откриен во стан во Брисел

0
By Светлана Јовановска on November 21, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бриселската полиција минатата недела откри ужасна слика на починат човек во фаза на мумифицирање. Цела една година неговата сопруга, 69 години, спиела до својот починат сопруг од 73 години, јавува белгискиот весник “Дерниер ер”.

„Мислевме дека смрдеата доаѓа од кантите за ѓубре на тој стан. Жената не излегуваше од станот веќе извесно време и сигурно е дека станот бил полн со ѓубре”, велат комшиите. 

Брачниот пар не плаќал веќе една година кирија.  Сопственикот на станот дошол да провери што се случува и ја открил ужасната слика. “Сум видел мртви лица… но никогаш во таква состојба! Жената спиела до него а во кујната, на пола метар од кујнската маса, беше и мртвото тело на нивното куче, изедено од инсекти. Кујнската маса беше чиста и очигледно дека жената таму јадела”, објаснува тој.
 
На полицијата жената и рекла дека нејзиниот сопруг си легнал претходната ноќ и починал. Претходно на сопственикот на станот му рекла дека нејзиниот сопруг е отсутен затоа што е на лекување.
 
Според лекарот човекот починал од природна смрт, најверојатно од астма но во тек е аутопсија на телото која ќе ги даде точните причини за смртта.
 
Жената не е лишена од слобода но прифатила да биде сместена во психијатриска болница.
 
Во изјавата на судски лекар Филип Боксо тој објаснува дека мумификацијата се случува за најмалку една недела. „Во овој случај телото скапало во креветот. Внатрешните органи се стопиле и сосема сигурно е дека имало течност која излегувала на сите страни и дека во креветот имало инсекти. Тоа било навистина ужасно”, вели лекарот. 

Тој тврди дека смрдеата која доаѓала од телото луѓето често ја мешаат со смрдеата на ѓубре а во моментот кога мумификацијата настапува мирисот исчезнува. Лекарот вели дека знае три случаи на луѓе кои спијат со мртвото тело на сопругот или сопругата. „Тоа најчесто се луѓе со тешки душевни проблеми или пак постари сенилни луѓе. Некои од нив не сфаќаат дека другиот е мртов”, вели докторот. 

(фотографијата е преземена од весникот Dernier Er)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.