Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц: Европа мора да се спротивстави на заканата од „нео-империјалистичката автократија“

0
By Sashko on August 29, 2022 СВЕТ
Фото: medium.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржа говор во Карловиот универзитет во Прага, при што се осврна на предизвиците со кои се соочува Европа во контекст на војната во Украина.

„Во моментот, уште еднаш се прашуваме каде ќе се протега линијата на поделба меѓу оваа слободна Европа и нео-империјалистичката автократија во иднина“, рече тој, пренесува агенцијата ДПА.

„Оваа обединета Европа се роди како мировен проект во Европа. Денес, од нас зависи да продолжиме да го развиваме ова ветување за мир – овозможувајќи ѝ на Европската Унија да ја заштити својата безбедност, својата независност и својата стабилност, исто така во контекст на предизвиците кои доаѓаа однадвор“, потенцира Шолц.

Тој, исто така, ги најави плановите за донаторска конференција и друга помош за да помогне во обновата на Украина во екот на војната со Русија која започна во февруари.

Опишувајќи го како „масовен потфат за кој ќе бидат потребни генерации за да се постигне“, тој рече дека за тоа ќе биде потребна „меѓународна координација и интелигентна, доверлива стратегија“.

„Ова ќе биде фокусот на експертската конференција на која претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и јас ги поканивме Украина и нејзините партнери од целиот свет да присуствуваат во Берлин на 25 октомври“, рече тој.

Кога станува збор за изградбата на украинската војска, тој рече дека целта е „модерни украински вооружени сили кои се способни да ја бранат својата земја на трајна основа“.

„Можам, на пример, да замислам дека Германија ќе преземе посебна одговорност во однос на градењето на артилериските и воздушните одбранбени капацитети на Украина“, додаде тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.