Трговскиот мол Скопје Сити Мол овој петок организира полноќен шопинг, што е прв ваков настан во Македонија, инаку по примерот на светските трговски центри.
Работното време на Сити Мол ќе биде продолжено за два часа, односно вратите на центрот наместо во 10 часот, ќе се затворат во 12 часот на полноќ.
Шопингхоличарите освен што имаат продолжена можност за купување, Сити Мол според најавите, со ова и го промовира сезонскиот попуст во продавниците, за почеток до 50 %.