Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанија сака С. Македонија и Албанија заедно и што побргу да ги почнат преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on May 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија и се залага за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа старт на преговорите за членство, истакна претседателот на шпанската Влада Педро Санчез на средбата во Мадрид со македонскиот премиер Зоран Заев.

Санчез нагласи и дека Шпанија е за почеток на пристапните преговорите и за Северна Македонија и за Албанија во исто време.

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Северна Македонија и Кралството Шпанија, Зоран Заев и Педро Санчез, изразено е исклучително задоволство од двете страни и средбата е оценета како историска и како нова, важна страница за натамошен развој на двете пријателски земји, соопшти владината прес-служба.

Премиерите Заев и Санчез на средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се согласија дека средбата е важна и заради евроинтеграциските процеси на Северна Македонија имајќи ја предвид силната поддршка од Шпанија за одржувањето на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ и со тоа старт на преговорите.

Шпанија многу високо ги оценува реформите што ги спроведува Северна Македонија, нагласи премиерот Санчез и потенцираше дека тоа, како и исполнувањето на другите критериуми за пристапување во ЕУ, се најважни процеси кои земјата ги оствари и испорача кон Брисел.

Двајцата премиери оваа прва средба на премиерско ниво ја оценија и како особено значајна за стопанствениците од двете земји и се согласија дека ќе земат уште поголемо учество во поттикнувањето на бизнисмените од двете страни да соработуваат на заеднички инвестициски проекти.

Меѓусебната поддршка меѓу двете земји и двете влади е очекувана бидејќи неопходно е прогресивните сили да се поддржуваат на патот кон просперитетот, нагласија премиерите Санчез и Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.