„За обештетување на своите средства ние ќе мора да се потпреме на правилноста и функционалноста на нашиот систем и стечајните постапки како такви. Впрочем, функционирањето на истиот тој систем нѐ доведе и до оваа состојба за свои тешко спечалени пари да одлучува некој друг. За да не се губи време додека истите структури- горе наведени, излезат со информации за тоа кој сме тие 780 штедачи, затоа мора да се саморганизираме и превземеме мерки веднаш.
Мора да се организираме и да бидеме претставени пред сите институции домашни и меѓународни од еден претставник професионалец во тоа поле“, повикаа дел од штедачите во меилот до медиумите.
Тие сметаат дека треба да се самоорганизираат и веднаш да преземат мерки, а засега контактот им е адресата 780stedaciesb@gmail.com.