Штипското обвинитеслтво поднесе предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.
Станува збор за лицата С.А. и П.Р. од Штип кои заедно извршиле грубо насилство, а во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи беше објавено и видео од настанот за кој се обвинети.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот дел, набрзо по објавата на видеото, ги идентификува и лиши од слобода лицата С.А. и П.Р. од Штип кои се предмет на натамошно постапување. За случајот е известено и Основното Јавно Обвинителство.