Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што чува уредот на Ериксон

1
By Сашка Цветковска on October 28, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во јавноста се отворија бројни дилеми, но и бројни шпекулации врзани со тоа што крие опремата која денеска конечно ја “отклучи“ експертот пратен од компанијата „Ериксон“ на барање на Специјалното јавно обвинителство. И опремата и експертот кренаа многу  прашина. Опремата за следење и уредот од „Ериксон” често се мешаа како поими, а институциите не помогнаа многу во разобличувањето на овие шпекулации.

Денеска, по доаѓањето на експертот, прашањето на денот е што ќе отвори неговиот клуч и како тоа ќе помогне во расветлување на скандалот со прислушувањето. Дали ќе се открие дали некој можеби е прислушуван во моментов; дали ќе ги има сите податоци за прислушувања ако се знае дека опремата од 2013 година е уништена и за неа СЈО го води случајот „Тврдина2, или само оние од 2015 наваму; дали уредот чува само логови или и разговори. Некои прашања можеби звучат „глупаво„ за  познавачите на овој тип на технологија, но бидејќи сите тези најдоа место во јавниот дискурс, НОВАТВ се обиде да добие прецизен опис на овој уред. Разговаравме со експерти од МВР во сферата на безбедноста кои ни објаснија за  каков уред станува збор и што тој ми можел да открие.

Дали на овој уред се снимените разговори?

Не. Ова не е компјутерот на кој се снимаат разговорите. Овој уред претставува врска помеѓу опремата, односно машината за следење на комуникациите и телефонскиот оператор. За да може УБК да прислушува телефони, треба да се поврзе со телефонскиот оператор. Овој е посебен од оној кој ги снима и бележи разговорите. Во него нема разговори, туку само логови, односно податоци кои покажуваат кој број е снимам, во кое време и слично.

Ако од 2015 е уништена тогаш што ќе открие овој уред?

На овој уред може постојат и податоци пред 2015 затоа што истиот, според извори во МВР е набавен многу порано и наводно, ги чува податоците од 2008 до ден денешен. Како е тоа можно? Уредот или софтверот кој ги поврзува УБК и телеоператорот постои незавино од самата опрема  на која се следат разговорите и истиот може да се поврзе на било која машина за следење. Извори велат дека уредот е набавен токму во 2008 година кога се менувал Законот за следење на комуникациите. Па, и покрај тоа што опремата од 2013 е уништена, уредот ги чува логовите, односно може да покаже кои броеви биле снимани. НОВАТВ не може да најде писмена потврда дека навистина овој уред е од 2008, но во теоријата може да се каже со точност дека ако уредот е постар, тој ќе ги има податоците без разлика дали опремата од 2013 е уништена или не.

Зошто на СЈО му требаат податоците од овој уред?

Затоа што на овој начин, во отсуство на претходната опрема за следење на комуникациите, овој уред ќе покаже кои и колку броеви се снимени и дали истите соодветствуваат со бројот на судски наредби за следење телефонски броеви. Ако има повееќе од бројот на наредби – тогаш имаме проблем.

Се разбира, НОВАТВ се служеше со упатени извори во оваа проблематика и ова е наш обид да го разјасниме функционирањето на овој уред. Развојот на технологијата остава простор да се сомневаме дека „чуда“ од типот бришења на логови и други разноразни подметнувања овозможени од компјутерската технологија, се, сепак возможни.

За потсетување, минатиот петок обвинителката Ленче Ристоска изјави дека тие се уверени дека поседуваат доволен број докази за да го  расветлат овој случај, односно да откријат кој навистина наредил да се слуша: странски или домашни служби.

 

 

 

 

Ерискон СЈО УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.