Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што е всушност руската разузнавачка агенција ГРУ?

0
By НОВА ТВ on April 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сѐ уште многу малку се знае за руската разузнавачка агенција ГРУ, иако се смета дека оваа малку позната организација има играно важна улога во немирите во Украина, како и неуспешната претседателска кампања на Хилари Клинтон. Кратенката за агенцијата значи „Главна управа за разузнавање“ и постои уште од времето на Советскиот Сојуз. На многу луѓе – особено тие кои живееле за времето на Студената Војна – им е позната друга руска разузнавачка агенција КГБ (Комитет за државна безбедност). Со падот на Советскиот Сојуз во 1991, оваа агенција практично колабираше заедно со сојузот, но истото не важи за ГРУ.

Сепак историјата на оваа агенција почнува пред повеќе од сто години. Иако Русија имаше воена разознавачка агенција која беше основана за време на наполеонските војни која постоеше повеќе од 200 години, таа се промени на почетокот на 20тиот век. По Руската револуција во 1917 година, воената разознавачка агенција беше реорганизирана и стана позната како ГРУ во 1942 година. Односно, ГРУ стана важна организација во екот на Втората светска војна, кога таа имаше за задача да собира разознавачки информации во странство за Германија и нејзините сојузници. За време на Студената војна, еден од забележителни рани успеси на ГРУ беше да навлезе во програмата на атомските бомби во Велика Британија.

ГРУ е сѐ уште активна агенција во 21виот век, но не е до крај јасно како таа оперира. На пример, ГРУ (која сега е ребрендирана како ГУ) нема своја веб страна туку само накратко се споменува нејзината улога како агенција за надворешно разузнавање на веб страницата на руското Министерство за одбрана. Толку голема е тајноста што го опкружува ГРУ, што кога нејзиниот поранешен директор, Игор Сергун, ненадејно почина во 2016 година, Кремљ (руската влада) не даде причина или место за смртта во првичното соопштение. Сегрун исто така беше ставен на листи на ЕУ и американски санкции заради неговата инволвираност во припојувањето на украинската територија Крим од страна на Руската Федерација – политички потег кој меѓународната јавност генерално го смета за нелегална окупација од страна на Русија. Се смета дека ГРУ агенти се сѐ уште инволвирани во Украина и во Сирија – две држави кои на некој начин претставуваат територии на нов вид Студена Војна помеѓу големите сили.

Во октомври, 2020, Министерството за правда во САД обвини 6 ГРУ агенти за сајбер напади. Две години порано, британската влада сметаше дека ГРУ всушност била агенцијата која стоела позади нападот со нервен агент врз поранешниот ГРУ агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Сализбури октомври, 2018.

И покрај многуте тајни елементи на ГРУ, агенцијата е повторно во центарот на внимание оваа недела од кога истрага во Чешка ги поврза двата агенти кои беа обвините во Сализбури со смртоносната експлозија од октомври, 2014 во селото Врбетице каде умреа двајца луѓе. Радио Слободна Европа известува дека чешкиот премиер Андреј Бабиш избрка 18 руски дипломати од земјата „недвосмислени докази“ околу руска инволвираност во нападот од 2014. Русија смета дека обвинувањата од страна на Чешка се „апсурдни“ и Како реакција на бркањето на руските дипломати, Русија избрка 20 чешки дипломати од земјата.

Така што иако официјално не се знае премногу за ГРУ, очигледно оваа агенција сѐ уште има важна улога во руската надворешна политика на извесен начин.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.