Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што го предизвикува реткиот синдром на згрутчување на крвта по вакцинацијата со Астра Зенека?

0
By НОВА ТВ on April 15, 2021 СВЕТ
Medical vaccine
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниве месеци вакцината против Ковид-19 од шведско-британската компанија Астра Зенека е постојана тема на дикусија заради ретките симтоми на згрутчување на крвта што се појавија кај некои луѓе. Овие несакани последици се појавија кај само 30 пациенти од 18 милиони вакцинации во Велика Британија каде голем процент од британските граѓани и резиденти се вакцинираа со оваа вакцина. Но минатата недела Џонатан Ван-Там, заменик главен медицински офицер за Англија, кажа дека е потребна корекција во администрацијата на оваа вакцина. Затоа се донесе одлуката во Велика Британија дека оваа вакцина нема продожи да биде давана на лица под 30 години поради ретки случаи на згрутчување на крвта, а дека луѓето под 30 години ќе добијат алтернативна опција за вакцинација.

Но зошто се појавува овој несакан ефект кај помладите луѓе? Иако сѐ уште не е до крај јасна ситуацијата, има неколку теории кои се образложени во напис на The Guardian.

Во ретки случаи, вакцината на Астра Зенека предизвикува синдром кој се вика „Тромбоза со тромбоцитопенија“, што подразбира згрутчување на крвта со мал број на тромбоцити. Најголемиот дел од овие згрутчувања се случуваат во вени во мозокот, некои од нив може да се случат на други места, како абдоментот. Едно од објаснувањата за овој синдром е следното: Како што е општо познато, тромбоцитите се клетки кои обично помагаат да се запре крварењето, натрупувајќи се заедно и формирајќи тромб. Кај примателите на вакцини Астра Зенека погодени од овој редок синдром на згрутчување, бројот на тромбоцити паѓа. Потоа се јавува уникатна реакција на имунолошкиот систем во која се вклучени преостанатите тромбоцити и бели крвни клетки, и токму оваа реакција ја прави крвта повеќе тромава, што доведува до згрутчување.

Ваков синдром на згрутчувања на крвта се има приметено како реакција на разредувачот на крв наречен хепарин. При употреба на хепарин и при администрација на вакцината Астра Зенека, реткото нарушување на коагулацијата (односно згрутчувањето на крвта) се појавува во рок од две недели, обично помеѓу четвртиот и 20-тиот ден. Кај погодените откако ќе им се даде хепарин, имунолошкиот систем создава антитела кон комплекс на хепарин и создава протеин наречен „тромбоцитен фактор 4“, предизвикувајќи го ова опасно згрутчување. Оние погодени од синдромот по приемот на вакцината Астра Зенека, исто така, го имаат истиот комплекс, со антитела кон тромбоцитниот фактор 4 во нивната плазма.

„Знаеме што се случува, но не знаеме зошто се случува,“ вели д-р Хозе Пердомо од University of New South Wales St George and Sutherland clinical school, но напоменува дека некои луѓе кај кои може овој синдром да се појави едноставно имаат таква предиспозиција заради претходни вурусни или бактериски инфекции.

„Во една група испитувана на луѓе кои имале ваква реакција по вакцината, сите заболени, освен една личност, биле под 50 години“, продолжи д-р Пердомо. „Сите други беа на возраст од 49 години и под. Во случајот на вакцината, се чини поверојатно е дека помладите луѓе ќе имаат хиперактивен имунолошки систем. Ова е сосема необично затоа што во сите други случаи на ваков вид тромбоза, постарата популација е изложена на поголем ризик .“

Според групата на независни медицински експерти кои го советуваат австрлијанскиот министер за здравство, Australian Technical Advisory Group on Immunisation (Atagi), овој синдром се појавува отприлика кај 4 до 6 луѓе на секои милион луѓе. Но во Германија се забележани почести случаи на синдромот.

„Во моментов постои неизвесност и различни пријавени стапки на ризик за овој неповолен настан,“ изјави Atagi.

За среќа, постојат тестови кои би можеле да помогнат во потенцијална превенција на фатални случаи: Постои тест што може да се даде на луѓето по вакцинацијата за да видат дали имаат антитела против тромбоцитниот фактор 4 во нивната плазма. Тоа исто така значи дека лекарите можат да увидат дали пациентот има овој специфичен редок вид на згрутчување, за разлика од другите помалку опасни видови на згрутчување што може да се појави кај општата популација дури и без вакцинација.

Научниците сѐ уште не можат да потврдат дали Астра Зенека вакцините со сигурност се причината за овој редок синдром, но „ сите докази покажуваат во таа насока,“ вели д-р Пердомо. Ќе видиме што ќе бидат последиците за општата популација и вакцинациските напори ако се докаже со сигурност дека Астра Зенека вакцините го предизвикуваат овој синдром. Вчера Reuters исто така изјави дека Европската Комисија не планира да ги продолжи договорите со Астра Зенека и Џонсон&Џонсон следна година, велејќи дека преферираат вакцини кои користат mRNA технологија.

Сепак, важно е да се напомене дека многу експерти сметаат дека Астра Зенека вакцината е безбедна: на пример, Џун Рејн, извршената директорка на Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи, рече дека придобивките продолжуваат да ги надминуваат ризиците „за огромното мнозинство на луѓе“.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.