Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што губи ЕУ од седнувањето на претседателката на ЕК на софата на Ердоган?

0
By НОВА ТВ on April 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дипломатскиот скандал кој го доби надимакот „Sofagate“ ги преплави медуимите и социјалните мрежи минатата недела. Се работи за инцидент кој носи сексистички импликации: На официјалниот состанок помеѓу ЕУ и Турција немаше стол за претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен, додека имаше столови за турскиот претседател, Реџеп Таиб Ердоган, и за Чарлс Мишел, поранешниот премиер на Белгија кој е сега претседател Европскиот Совет. Бидејќи немало стол за вон дер Лајен, таа седнала на троседот (на англиски „sofa“) во собата од каде што потекнува надимакот на скандалот.

Главната критика на овој инцидент беше насочена кон Ердоган кој многумина сметаа се однесуваше сексистички на овој официјален состанок бидејќи иако вон дер Лајен и Мишел имаат различни титули во Европската Унија, тие всушност имаат ист ранг. Особено во контекстот што на состанокот требало да се дикутира повлекувањето на Турција од Истанбулската Конвенција — меѓународната правно обврзувачка конвенција за превенција и борба против насилството врз жените и против домашното насилство – различниот третман на вон дер Лајен изгледаше посебно сексистички.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пак, сметаше дека оваа критика е „екстремно нефер“. Тој проба да ја префрли вината кон ЕУ и изјави дека „Протоколот што се применува за време на состаноците е во согласност со меѓународните протоколарни правила, како и светски познатите традиции на туристичко гостопримство.“

Метју Карничниг пишува за Politico дека Европската Унија ја „заслужува софата на Ердоган“. Карничниг пишува дека инцидентот главно се работеше за моќ, а не за непочитувањето на жените, напоменувајќи дека германската канцеларка Ангела Меркел никогаш не била седната на софа бидејќи Ердоган ја сфаќа нејзината моќ сериозно за разлика од таа на вон дер Лајден и Мишел. Карничниг исто така смета реакции за инцидентот делумно се засноваат на фактот што Ердоган е муслиман – нешто што европјаните кои пишуваат за настанот го преќутуваат иако е присутно.

„Европејците може да го поддржат својот гнев во врска со однесувањето на Ердоган кон фон дер Лајен со вокабуларот на феминизмот, но подтекстот е непогрешлив за секој што е запознаен со анти-исламските сентименти што го преовладуваат во европското општество. За многу европски очи, Ердоган не се однесуваше само кон вон дер Лајен со непочитување, седнувајќи ја на софата, туку тој се справи со неа како што „тие“ [муслиманите] се справуваат со сите жени,“ пишува Карничниг.

Сепак, Ердоган не беше единствениот политичар кој беше обвинет за сексизам. Скоро 7 000 луѓе ја имаат потпишано петицијата (меѓу кои и белгиски пратеници) која бара оставка од Чарлс Мишел. Потписниците сметаат дека претседателот на Европскиот Совет не смеел така да се однесува особено кога женските права се во прашање и сметаат дека направил голема грешка во полето на дипломатијата – нешто со што можеби и би се сложил Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу. Мишел иницијално не се извини за инцидентот и не превзема одговорност, но подоцна ја призна својата грешка велејќи дека длабоко жали за ситуацијата.

Двата најголеми блокови во Европскиот Парламент – козервативниот European People’s Party (EPP) и центар-левите Социјалисти и Демократи (S&D) – дури сакаат да имаат јавна дебата за инцидентот до крајот на месецот.

Сепак, дури и со толку медиумски фокус малку внимание се обрна на главната тема која се дискутираше на состанкот: продолжувањето на договорот од 2016тата година кој ЕУ го има со Турција за мигрантите кои пробуваат преку Турција да стигнат до европските држави каде што тие би аплицирале за азил. За да го спречи движењето на голем број бегалци и мигранти накај ЕУ, Турција доби 6 милијарди евра од страна на ЕУ и сега тој договор е дополнително продолжен. Овој договор имаше крајно негативни последици за мигранти и бегалци кои беа приморани да останат во Турција каде повеќето (сириски) бегалци не добиваат дозволи за работа и се приморани да влезат во „сивата економија“ каде што се често експлоатирани. Договорот со Турција беше критикуван и од различни организации за човекови права, меѓу кои и Amnesty International, како крајно нехуман бидејќи во Турција нема соодветни услови за престој на голем број бегалци и Турција не дава официјален статус за азил на бегалци кои не од Европа (во Турција практично сите бегалци не се од Европа). Продолжувањето на овој договор праќа порака за чии човекови права не се важни и ги става по знак прашалник таканаречените „европски вредности и принципи“.

Инцидентот и целото медиумско винамние кој го доби поставува уште неколку клучни прашања: Дали политичарите од ЕУ, како Чарлс Мишел, стварно веруваат во „европските вредности“ кога на состанок каде што треба да дискутира Истанбулската конвенција тие не ни можат да изразат солидарност во нивните колешки?  Дали, пак, огромниот фокус кој го доби Урсула вон дер Лајен е еден вид лажен феминизам каде третманот кој го доби една моќна европска жена стана поважен од самите политики кои таа политичарка ги поддржува и во овој случај од животите на маргинализираните бегалци? И секако, каков симбол ќе стане Ердоган за Европа по овој состанок?

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.