Што ќе донесат новите проекти на министерот Филипче, кои ги нема во програмата на СДСМ? Како ќе се заштеди со досега најскапиот тендер за реагенси тежок над 35 милиони евра? Дали директорите на болниците ќе гарантираат за безбедноста на крвта која од Велес ќе се носи во Битола, од Кавадарци во Струмица? Има ли ризик за точноста на резултатите?
Кој е интересот во социјална држава со солидарен здравствен систем, приватници да инвестираат во Брзата помош или во болницата „8 Септември“? Како тоа ќе се одрази на пациентите? Во 24 анализа дебатираат Арбен Таравари екс министер за здравство, Игор Николов нефролог и Димитар Стровјански директор на Општата болница во Велес.