Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ќе му донесе Самитот во Софија на Балканот?

1
By Нова ТВ on May 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските лидери се подготвуваат за дводневниот состанок во Софија што ќе се одржи на 17 и 18 мај, посветен на Западниот Балкан, прв од овој вид по петнаесет години, но не и последен.

Самитот ќе биде поделен на два дела. На 16 мај е средбата на лидерите на 28-те земји членки на ЕУ. На овој состанок ќе биде усвоена декларација која треба да ја потврди „европската перспектива“ на регионот, но на која нема да стои потписот на лидерите од Западниот Балкан, поради земјите кои не го признаваат Косово. Од истата причина шпанскиот премиер Мариано Рахој ќе го напушти состанокот таа вечер и нема да присуствува на Самитот со земјите од регионот, иако четири други премиери на ЕУ кои не го признаваат Косово ќе учествуваат на овој самит.

Што се однесува до Западниот Балкан, лидерите на ЕУ, освен што ќе ја потврдат „европската перспектива“ за Западниот Балкан, ќе ја нагласат важноста на проектите од областа на конективноста – како инфраструктурна така и дигитална – помеѓу земјите од регионот и со земјите од ЕУ.

Дипломатските извори велат дека реакцијата на ЕУ ќе зависи од акцијата на земјите, односно дека главната одговорност за интеграција во Европската Унија ја имаат самите држави кандидати и аспиранти, не ЕУ.

Решавањето на спорот меѓу Македонија и Грција е наведен како пример за позитивна акција од регионот, кој би предизвикал позитивна реакција од лидерите на ЕУ.

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија на 17 мај.

Заев нагласува дека времето е кратко и дека се појавуваат информации дека се ќе се реши на 17 мај, но не е така, бидејќи суштински е делот што е останат за разговори.

– Јас верувам дека пред се треба да бидеме креативни и посветени и јас би сакал некаде пред Самитот на Советот на Европа, а потоа и Европскиот совет, тоа е 25, 26, па 28 и 29 јуни, да се носат одлуките за добивање датум за преговори или не. Дотогаш да имаме некое решение, па дури треба да знаеме дека и да има приближување на она што е останато, во Грција и Македонија мора да направиме внатрешен процес на консултации. Затоа што, како што реков, процесот, ако е тоа можно, да биде поддржан од сите – вели премиерот Заев.

Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на двајцата премиери изрази и грчкиот заменик министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос.

– Направена е систематска работа, прашањата се стигнати до нивното јадро и сега е време да се разговараат на највисоко ниво. Имаме водржан оптимизам дека може да имаме договор, вели Катругалос и ги демантира информациите објавени во медиумите во Грција во текот на викендот, за одреден временски рок и преоден период за имплементација на договорот.

Тој вели дека договорот нема да наликува на Времената спогодба, ќе биде комплетен и нема да остава „опашки“, затоа што во спротивно нема да биде согласно со поставенте грчки предуслови.

На средбата Заев-Ципрас и претходеше интензивна недела на преговори, во рамки на која се очекуваше да се отворат спорните прашања, пред се опсегот на употреба на името, но и барањето на Грција за измени во македонскиот Устав.

Но, по последната состанок на шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц, кој се одржа во Сунио викендов, а кој траеше речиси шест часа, не беа изнесени детали од разговараното.

– Средбата можам да ја карактеризирам како многу сериозна, работевме напорно, на моменти интензивно. Направивме одредена позитивна работа. Двајцата министри ќе ги брифираат премиерите во подготовките за нивната средба во Софија следната седмица на 17 мај. Во основа ова е пораката што ја имам, рече Нимиц по средбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.