НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што не чека ако започнеме преговори за членство во ЕУ

0
By Светлана Јовановска on October 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога, и ако започнеме преговори за членство со ЕУ, не чекаат поглавјата 23 и 24 кои треба да ни овозможат да ги исполниме политичките критериуми кои се основа за понатамошна интеграција. Еве што предвидуваат овие поглавја и какви се забелешките оваа година во нив.

Поглавјето 23 кое се однесува на правосудството и основните права е воведено по влезот на Бугарија и Романија во ЕУ.

Поглавјето е поделено на четири тематски целини – реформа на правосудството, борба против корупција, основни права и права на државјаните на ЕУ. Ова е се разбира за рамката која има конкретна содржина. Така на пример во него е влезено зајакнувањето на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството, кај анти корупцијата тоа е превенцијата и репресијата на корупцијата, а под основни права се мисли на подобрување на човековите права.

Во нашиот случај извештајот за напредок на ЕК јасно кажува кои се македонските проблеми за кои ќе треба да се разговара. Независноста и непарцијалноста на судството се теми кои ЕК ги подвлекува со последниот извештај.

Брисел има забелешки за начинот на кој се отпуштаат судиите наместо да се санкционираат кога за тоа има причина. За професионалноста на судиите, ЕК смета дека не се ангажираат лицата кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители. Судскиот совет има именувано само 4 судии од Академијата во 2012 година од вкупно 39 именувања, а уште 13 кандидати од Академијата кои дипломирале во 2009 година се уште чекаат именување.

Ова, според ЕК, ја доведува во прашање ефективноста на новото законодавство и принципот на именување врз заслуги. Сето тоа има и негативно влијание врз запишувањето во Академијата бидејќи ја намалува нејзината атрактивност. Бројот на кандидати на Академијата се намалува секоја година бидејќи ова школо не е плус во наоѓањето работа. ЕК бара од Македонија да и даде поголема поддршка на оваа Академија и со тоа да промовираат вработувања врз основа на заслугите.

Во борбата против корупцијата ЕК забележува дека Комисијата за превенцијата на корупцијата и анти-корупциската единица во МВР имаат помалку вработени отколку што е тоа потребно, а тие и не се доволно финансирани. Ограничените овластувања на Комисијата за борба против корупција го спречуваат да стане вистинското тело кое ќе се бори за она за што е созададено. „Отпуштањето на поранешниот претседател на ова тело, без јасна законска основа, предизвикува загриженост“, вели извештајот.

Капацитетот на судството да се справи со случаите на корупција е слаб особено кога станува збор за високи функционери.

Понатаму, во истото поглавје се критикува законската рамка за финансирањето на политичките партии. Во текот на 2013 година ОБСЕ рече дека државните средства биле злоупотребени за време на локалните избори, а надлежните институции на тоа не му обрнале внимание.

И корупцијата при јавните набавки е предмет на загриженост во Брисел затоа што не постои институција која ги контролира јавните набавки како и јавно-приватните партнерства и договорите за извршување.

Слободата на изразувањето и медиумите не им избегнуваат на критиките. Големата критика им е упатена на рекламите на владата и авто-цензурата која се должи на економските притисоци врз новинарите и сопствениците на медиумите. „Поларизацијата на медиумите и сиромашните професионални стандарди го спречуваат правото на граѓаните да стасаат до различните мислења и точна информација“, вели извештајот.

Ситуацијата е влошена и во заштита на хомосексуалците и ЕК ги наведува нападите врз овие лица. Но, и „хомофобичните медиуми продолжуваат и професионалците во медиуми и сопствениците би требало да имаат поголема одговорност во борбата против непознавањето и нетолеранцијата“.

Сето горе наведено е тема на која ЕУ би сакала да разговара со Македонија доколку бидат отворени преговорите за членство и да бара од земјата овие неправилности во државата да бидат корегирани.

Поглавјето 24 се однесува на правдата, слободата и безбедноста, и опфаќа повеќе области како надворешните граници, Шенген системот, миграциите, азилот, визите, полициската соработка, борбата против организиранот криминал, борбата против трговијата со луѓе, борбата против тероризмот, против дрогата, судска соработка во граѓански и кривични спорови и на крајот царинската соработка.

Според најновиот извештај на ЕК направен е напредок во ова 24. поглавје особено на надворешните граници, соработката во граѓански и кривични случаи и соработката во борба против дрогата. Но, од Македонија се бара повеќе напори за ефикасност на системот на азил, истрагата за перење пари и финансиски криминал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.