Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што се последиците од пренасочениот „Рајанер“ авион кој мораше да слета во Минск?

0
By НОВА ТВ on May 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија го осудија чинот со пренасочување на авионот на „Рајанер“ и принудување да слета во Минск, со цел белоруските власти да уапсат критички настроен новинар и активист.

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа најави дека утре на состанокот во ЕУ ќе предложи да се прогласи воздухопловниот простор над Белорусија за небезбеден и да се забрани белоруски авиони да влегуваат на европските аеродроми, но и побара итна истрага за случајот.

„Државно спонзорираниот терористички акт во Минск утре ќе се дискутира на состанок во ЕУ“, додаде Науседа.

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки побара од Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет да го прошири утрешниот состанок на лидерите на ЕУ и да се расправа за итни санкции против режимот на Александар Лукашенко.

„Ова не може да помине неказнето“, вели Моравјецки.

Претходно реагирааше и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и рече дека ЕУ внимателно ги следи случувањата во врска со принудното слетување на авионот и апсењето на Роман Проташевич.

„Тоа е целосно неприфатливо. Белоруската влада ја сметаме за одговорна за сите патници на тој лет и на сите патници мора да им биде дозволено да го продолжат патувањето“, вели Борел.

Претседателката на Европската комисијата, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, исто така ја повикаа Белорусија да им дозволи на сите патници да го продолжат патувањето.

Германија побара итно објаснување од Белорусија и пресретнувањето на патничкиот авион во кој бил и Проташевич.

„Бараме итно појаснување од белоруската влада за менување на рутата на авионот кон Минск, и појаснување за апсењето на новинарот“, рече Мигел Бергер, висок претставник на германското министерство за надворешни работи.

Авионот на „Рајанер“ сообраќал на релација Атина – Вилнус и во моментот кога се наоѓал во воздушниот простор над Белорусија и скоро стигнал до Литванија, пилотот бил принуден да го смени правецот. Белоруските власти побарале авионот принудно да слета со образложение дека содржи експлозив, но ништо не е пронајдено во леталото.

Белоруската телевизија информираше дека лично претседателот Александар Лукашенко побарал авинот да биде придружуван од воен авион на белорусија поради голема безбедност. Откако авионот слетал во Минск, новинарот Проташевич бил уапсен. По седум часа на аеродромот во Минск, авионот го продолжи патувањето до Вилнус и безбедност слета.

Од компанијата „Рајанер“ се извинија за непријатностите на патниците, но велат дека ситуацијата не била под нивна контрола. Тие биле известени дека патничкиот авион ќе слета во Минско поради безбедносни причини.

Според Флајтрадар24, авионот бил речиси пристигнат во Вилнус кога било побарано тие да го пренасочат леталото и да слета во Минск.

По слетувањето во Минск, полицијата веднаш го уапси Роман Проташевич, по кого трагаа белоруските власти поради неговото учество во минатогодишните масовни протести што избија по изборната победа на претседателот Александар Лукашенко. Проташевич е еден од основачите на опозицискиот канал НЕКСТА, кој стана еден од главните извори на вести за демонстрациите во Белорусија.

Извор: 360 степени

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.