Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што се случува со „компјутер за секое дете“?!

0
By Нова ТВ on February 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури 94 тешки кражби на компјутери и компјутерска опрема од училиштата се случиле само во 2011 и 2012 година! Од Министерството за внатрешни работи за Радио МОФ велат дека во 2011 година биле извршени 50 кражби во кои од училиштата биле украдени неверојатни 726 лаптопи, 132 мини лаптопи, 134 компјутери, 104 монитори, 30 куќишта од компјутери, 78 тастатури и многу други видови на најразлична компјутерска опрема. Со сличен интензитет кражбите продолжуваат и во следната 2012 година, кога во 44 тешки кражби биле одземени 771 лаптопи, 86 компјутери, 130 монитори и многу други видови на опрема.

Пред само неколку дена, во основното училиште „25 мај“ во селото Синѓелиќ се случи уште една тешка кражба, при која беа украдени уште триесетина компјутери, а полицијата трага по сторителите. Со ваквата алармантна ситуација низ училиштата во земјава, се поставува прашањето – што се случува со проектот „Компјутер за секое дете“? Дали 60-те милиони евра, колку што тој ги чинеше граѓаните, отидоа во корист на учениците?

Освен големиот успех на крадците, проблем е и тоа што во многу училишта низ државата, компјутерската опрема набавена со проектот на Владата, со години седи неповрзана во подруми или пак е оштетена.

Државниот просветен инспекторат минатата година при надзорот за примена на компјутери во наставата, констатирал дека во 23% од училиштата, компјутерите не се употребуваат од најразлични причини. Од Министерството за образование и наука, во чија надлежност е проектот „Компјутер за секое дете“, за Радио МОФ велат дека со предавањето на компјутерите на училиштата, потпишан е договор меѓу министерството и училиштата, во кој стои дека кражба или оштетување на компјутерите во вредност до 300 000 денари е на товар на училилиштето.

„Штетата над таа сума ја покрива општината под чија надлежност е училиштето. МОН ги има задолжено сите општини да ја осигураат опремата. Министерствотo за образование нема обврска да надоместува штета или кражба на компјутерите или опремата затоа што компјутерите од проектот “Компјутер за секое дете”, без никаков надомест им се предадени за користење на училиштата“, велат од министерството за образование и наука.

Според нив, поднесени се барања за прекршочна постапка до основните судови и кривични пријави до директорите каде имало несоодветна употреба на компјутерите. Минатата година, Државниот просветен инспекторат само во едно училиште во Гостивар открил штета од дури 50 илјади евра.

Ана Јаневска Делева, извршниот директор на Транспарентност – Македонија, организацијата која уште во 2007 година предупреди за ненаменско и нетранспарентно трошење на парите за проектот „Компјутер за секое дете“, вели дека резултатите од овој проект целосно потфрлиле.

„Ние најпрво реагиравме и за скапата кампања на Владата за проектот „Компјутер за секое дете“, таа се одвиваше во 2007 и 2008 година, каде не само за самиот проект што беа потрошени милиони евра, туку беа потрошени и над 20 милиони евра за самата кампања. Резултатите сосема потфрлија, бидејќи се направи без претходно да се решат основните предуслови за реализација на овој мегаломански проект, како што се руинирани училишта, недостаток на мрежна инфраструктура и без обука на наставниците. Од првиот тендер за компјутери, најголем дел од компјутерите кои беа набавени останаа неискористени, беа складирани во магацини со одминат гаранциски рок а илјадници од нив во целост или во делови се веќе украдени“, вели таа за Радио МОФ.

Владата го започна проектот „Компјутер за секое дете“ уште во 2007-тата година и досега тој ја чинеше државата околу 60 милиони евра. Според податоците на веб-страницата на Владата, со него биле набавени 17.818 персонални компјутери, 98.710 ЛЦД-монитори, 98.710 тастатури и глувчиња и 80.892 тин-клиенти за основните и средните училишта во Македонија. Во 2009-тата, проектот беше проширен и надграден со набавка на 22.000 лаптопи за наставниците во основните училишта.

Веста е преземена од РАДИО МОФ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.