Полицијата интервенираше во гиманзијата „Кочо Рацин“, во Свети Николе, каде ги отстрани сите инволвирани политички партии кои иницираа инцидент вечерва. На местото на настанот освен полициски сили биле и истражен судија и обвинител информација која вечерва излезе на социјалната мрежа Твитер.
Имено, во просториите на гиманзијата „Кочо Рацин“, во Свети Николе вечерва имаше членови на една партија и уште 100-тина граѓани, а причина биле нерасчистени финансиски сметки кои една партија ги ветила на некои граѓани, како што изјавија за НОВА насобраните членови на другата партија.
Според нашата екипа која е на терен членовите и активисти на партијата дошле во гимназијата околу 20 часот, која во истовреме е одредена за гласачко место на две изборни единици, a како изговор навеле дека имаат родителска средба.
Свирежи и извици Уа се слушале од членовите на другата партија и граѓаните кои ја заобиколија зградата на гимназијата.
Насобраните луѓе барале да дојдат претставници на ОБСЕ и ОДХР за да извршат увид на ситуацијата.