Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што слушна јавноста во бомбите за настаните пред општина Центар

5
By Нова ТВ on September 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

download

Во првите две обвиненија на Специјалното јавно обвинителство е и она кое се однесува на насилствата пред општина Центар во 2013 година. Покренати се обвиненија против 14 лица, а подолу може да ја чуете таканаречената „бомба 23“. Во извадокот од транскриптите прочитајте го оној во којшто тогаш од позиција на премиер, Никола Груевски му раскажува на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски како размислува да нарача од некој од верниците кои протестираа да му удри неколку шамари на градоначалниот на општина Центар од спротивната политичка опција, Андреј Жерновски.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Ќе падне на уставен тоа а?
МЈ: Сто посто… Е сега…
НГ: Јас си мислам покрај тоа што на уставен ќе падне, у петок он да изеде едно пет шест шамари пред камери… да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки, и да си искочи
МЈ: Може да договориме сценарио мислам, ја планирав овие нашиве да излегуваат да протестираат
НГ: Ама не го збори ова на никој
МЈ: Не, добро
НГ: Оти ако се расчуе, џабе, ќе знае и ќе спречи
МЈ: Значи ептен онака значи, тоа е исто како мали џокица замислува нешто си прави одлука и си пишува шо сака во одлуката
НГ: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме.
МЈ: Добро, ги имам материјалите…
НГ: У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само.
МЈ: А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават
НГ: Како
МЈ: Нашиве советници да прават како за тие што правеа за буџетот. Да излегуваат да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш
НГ: Да да… Ќе му ја скршиме седница,
МЈ: Тоа е
НГ: Нема да може да одржи една седница,
МЈ: Важи, ќе го спремам и Мартин…
НГ: Aли да имаме со аргументи да ја напумпаме атмосферата дека праи фалш за после тоа да има оправдување за тој чекор
МЈ: Важи ќе ги спремам јас ќе се слушнам со Мартин… Ги имам сите аргументи
НГ: Ај
МЈ: Важи поздрав

Сите разговори од „бомба23“ кои се однесуваат на настаните пред општина Центар од кои што произлезе обвиниението на СЈО

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.