Незадоволни од очекуваното намалување на платите во рамки на владините економски мерки, четирите најголеми синдикати во сферата на образованието во Србија денеска организираат протести во Белград, а училиштата, чии вработени се членови на тие синдикати, нема да работат, јавува Танјуг.
Штрајкот ќе почне во 13 часот на плоштадот „Никола Пашиќ“.
– Се очекува денеска да бидат откажани часовите во 800 до 1.000 училишта во Србија, изјави претседателот на Сојузот на синдикатите на просветните работници на Србија, Драган Матиевиќ.
Тој додаде дека наставниците бараат да бидат исклучени од намалувањето на платите.
Матиевиќ изјави дека наставниците не сакаат зголемување на платите, туку нивните примања да не бидат намалени, бидејќи во тој случај тие ќе станат минимални.
– Намалувањето на платите во образованието претставува фрлање во отпад на иднината на Србија, рече тој.