Пилотите на германскиот авиопревозник Lufthansa најавија дека во понеделник ќе стапат во 35-часовен штрајк.
Како последица на штрајкот откажани се 1.450 летови, а 130.000 патници мораа да го откажат своето патување или да бараат алтернативи.
Пилотите на Lufthansa и на нискобуџетната компанија Germanwings, филијала на Lufthansa, во септември одржаа повеќе штрајкови кои ја чинеа компанијата 70 милиони евра.
Пилотите и управата имаат спор околу условите за заминување во предвремена пензија на 55 годишна возраст. Од компанијата велат дека повеќе не можат да го финансираат предвременото пензионирање поради зголемената конкуренција. Од таму сакаат да ја зголемат старосната граница за пензионирање на 61 година.
До сега предвремено пензионираните пилоти добиваа 60 проценти од платата до 65 години, кога е време за редовно заминување во пензија.