Во Грција денеска е најавен национален штрајк во знак на протест против ненадејното затворање на државната радио и телевизија.
Од вчера грчката јавност не може да ја следи програмата на на националната радио и телевизиска станица ЕРТ.
После 75 години во медиумскиот простор е воведена промена која ги разгневи Грците.
Владата, оваа ненадејна одлука за јавноста, ја правда како посебна мерка за штедење, која ќе се спроведува само привремено.
Околу еден час пред полноќ, во Атина остана само еден канал на државната телевизија. Со работа прекина и радиостаницата. Претходно грчкото министерство за финансии соопшти – ЕРТ веќе не постои.
Околу 2900 техничари, вработени и новинари, останаа без работа, известуваат грчките медиуми. Ним би требало да им биде исплатена отпремнина.