Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Ќе го завршам проектот за прочистителна станица во Трубарево време е за зелено Скопје и здрава средина

0
By Marija Todorovska on September 9, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина, се вели во соопштението од СДСМ.

Таа на терен посочи една од локациите на одвод од отпадни води што истекуваат во Вардар.

„Од ова место се гледа кој ги блокира проектите за почисто Скопје и кој не го штити здравјето на граѓаните. Пречистителната станица во Трубарево, вредна 196 милиони евра, обезбедени од Владата на СДСМ со 68 милиони евра грант, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска тапка во место и нема никаква отчетност и транспарентност,“ рече Шукова.

Таа нагласи дека овој проект е стратешка мисија за Скопје и лично прашање на одговорност. Во својата програма Шукова најави три клучни чекори:

1.Завршување на првата фаза – поставување на основните системи за прочистување на отпадните води и отпочнување на реалниот процес на третман.

2.Втора напредна фаза – усогласување со европските стандарди и обезбедување капацитет за третман на отпадни води за 650.000 жители.

3.Одржливост и повторна употреба – 90% од третираната вода ќе може повторно да се користи, што е клучно во услови на климатски промени и раст на урбаното население.

,,Наместо скандали, кавги и партиски интереси, граѓаните заслужуваат модерен систем што ќе го намали загадувањето на Вардар и ќе обезбеди подобар живот за сите. Време е Скопје да тргне напред – зелено, европски и чесно,“ додаде Шукова

Скопје трубарево Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.