Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја донеле Данела Арсовска на власт, сега се извинуваат.

Признаа и јавно дека погрешиле, па затоа бараат извинување. Но, штетата ја видовме сите, рече Шукова.

Скопје, додаде таа, не е експеримент, граѓаните не се тука за „некој да проба уште еднаш“.

Ова, меѓу другото, беше истакнато денеска во Музеј на Град Скопје, каде се одржа презентација на програмата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата, како и на советничката листа за Град Скопје на СДСМ и Коалицијата.

Таа нагласи дека граѓаните денес со право велат, „Скопје никогаш не било вака запуштено“.

Шукова кажа дека нема да биде градоначалник на партијата, туку ќе биде градоначалник на граѓаните.

Скопје не е само град – тоа е нашиот дом. Секое утро, сите го вдишуваме истиот воздух, чекориме по истите улици и сите сакаме исто – подобар живот за нас и за нашите деца. Но, денес, искрено да кажеме, нашиот град не изгледа така како што заслужуваме. Наместо чист воздух – имаме смог, наместо уредени маала – често гледаме депонии, наместо функционален јавен превоз – имаме хаос и гужви. Јас верувам дека Скопје може и мора да биде подобар град за живеење. Не ветувам чуда – туку чесна, посветена работа и власт што ќе биде блиску до вас, транспарентна и отчетна за секој потрошен денар, нагласи Шукова.

Таа рече дека кога СДСМ управуваше со градот и државата, имаше вистински резултати.

Го обновивме возниот парк со еколошки автобуси, направивме над 40 километри велосипедски патеки, засадивме десетици илјади дрвја и создадовме нови паркови и зелени скверови, воведовме паметно осветлување со 10 илјади лед сијалици што заштеди 80 отсто од енергијата, реконструиравме училишта, поставивме прочистувачи на воздух во сите училници, наброја, меѓу другото, Шукова.

Нејзината визија, како што вели, е Скопје да стане модерен, зелен и европски град.

Град што работи за сите граѓани. Скопје мора да има чист воздух и зелени површини. Насекаде треба да има дрво, зеленило, простор за одмор. Во оваа визија влегуваат 15 нови паркови, десет илјади нови дрвја и современо управување со отпадот. Планираме поинаков пристап, не само да се чисти отпадот – туку да се спречи да настане. Скопје мора да има модерен јавен превоз. Затоа планираме 100 нови еколошки автобуси и воведување БРТ системот. Брз автобуски транспорт, што ќе го олесни движењето низ градот без гужви и доцнења. Сообраќајот ќе се движи, нема да стои. Скопје мора да има чисти улици и комунален ред, подвлече Шукова.

Таа најави градот да добие нови тротоари и улици, не само во центарот, туку и во Ченто, Ѓорче, Сарај, Драчево…

Скопје мора да биде економски силен град. Во срцето на градот, наш план е ГТЦ да го претвориме во технолошки парк простор за младите инженери, ИТ експерти и креативци, каде ќе работат, развиваат идеи и ќе креираат нови работни места, потенцираше Шукова.

Скопје, додаде, мора да биде град на младите и на семејствата. Во план е изградба на четири нови училишта во Ѓорче, Аеродром, Бутел и во Сарај и средно училиште во Аеродром.

Во Чаир, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Бутел и Центар, отворање младински центри каде младите ќе учат, ќе спортуваат, ќе волонтираат, ќе се дружат, но и во сите останати општини.

Скопје да биде град на културата 2028, планираме нови фестивали, младински музички настани, меѓународен фестивал на уметноста, поддршка за уличната и алтернативната култура, додаде Шукова, меѓу другото.

Зборувајќи за нејзиниот тим, рече дека има културни работници и спортисти кои знаат дека градот не е само бетон, туку и дух, музика, спорт и гордост.

– Што е најважно, ова е тим на чесни луѓе, потенцираше Шукова.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче пред присутните ја опиша програмата на Шукова како одлучна, одржлива и целосно посветена на интересите на граѓаните.

Програмата на Каја не е само политички документ. Ова е резултат на работа, на анализа, на вистинска грижа за градот. И таа не е сама. Со неа се исклучителни кандидати за Советот на Град Скопје – експерти, активисти и луѓе кои знаат, можат и умеат, нагласи Филипче.

Претседателот на СДСМ истакна дека Шукова има јасна визија за Скопје и таа ќе ја спроведе.

Каја, имаш тешка работа. Да беше доктор, ќе ти кажев, имаш работа да исправиш пациент кој е на респиратор. Се бориш со луѓе и противкандидати во споредба со кои мислам дека имаш и најмногу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да ја бараш довербата, дециден беше Филипче.

 

ексеримент Скопје Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.