Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, го пребродил воспалението на белите дробови, тврдат германските медиуми.
Шумахер од 29 декември минатата година се наоѓа во кома, а пред неколку дена се појави информација дека добил воспаление на белите дробови.
Неговата менаџерка Сабине Кем пред два дена ги демантираше инфомациите дека Шуми има пневмонија, истакнувајќи дека тоа се само шпекулации.
Семејството на поранешниот Ф1 шампион вчера соопшти дека има голема доверба во медицинскиот пресонал од болницата Гренобл.