Ски- кацигата на Михаел Шумахер можно е да се скршила, бидејќи била ослабена со камерата фиксирана на неа, откриле истражувачите, како што јавуваат светските медиуми.
Германската Ф1 легенда, 45, го користела гаџетот за да го сними својот син на падините, кога тој падна и ја скрши главата на карпа пред седум недели.
Експерти од француската ски- академија Енса прават тестови за да провери дали камерата полошо делувала на падот.
Извор близок до истрагата изјави: “Кацигата целосно се скрши, таа беше во најмалку два дела. Енса доби едно парче од кацигата за да се провери материјалот и се е во ред. Но, зошто експлодирала по падот?
“Сега камерата доаѓа во прашање. Лабораторијата прави тестирање за да се види дали камерата ја ослабела структурата.”
Шумахер претрпе сериозни повреди на главата во несреќата на француското одморалиште Мерибел и се уште е во кома во Гренобл- Универзитетската болница.
Камерата беше недопрена и ја има обезбедено полицијата со суштински информации за несреќата.

