Швајцарија одби да го потпише предлог-договорот кој на Хрватите треба да им овозможи слободен пристап до швајцарскиот пазар на работна сила, објави Јутарњи лист.
Двете земји го направија договорот минатото лето, откако Хрватска се приклучи на Европската унија.
Швајцарската власт вели дека договорот не може да биде потпишан “во сегашната форма”, по неодамнешниот референдум, со кој се поништува швајцарскиот договор со ЕУ за слобода на движење на имигрантите.
Како независна држава, иако не е членка на ЕУ, Швајцарија има усвоено голем дел од политиките на ЕУ.
Швајцарските гласачи неодамна тесно го поддржаа предлогот да се вратат строги квоти за имиграција од земјите на ЕУ.
Иако Швајцарската економија е во подем, а невработеноста е ниска, многу Швајцарски граѓани се загрижени за последиците од имиграцијата.

