Швајцарците вчера со тесно мнозинство од 50,3 проценти ја изгласаа иницијативата „против масовното доселување на странци“ на радикално конзервативната Народна партија на Швајцарија.
Многумина го поздравија законот, додека другите сметаат дека тоа ќе предизвика проблеми за швајцарското стопанство. ЕУ со порака- ќе ги разгледаме односите со Швајцарија.
Во рок од три години, швајцарската влада ќе мора да усвои договорениот закон, што значи дека Берн со ЕУ мора да разговара за измената на Спогодбата за слобода на движењето од 1999 година.