Граѓаните на Швајцарија денеска одлучуваат дали ќе се ограничи бројот на доселениците. Референдумот под наслов„Не, на масовното доселување го организира Швајцарската народна партија, позната по своите конзервативни и ксенофобични ставови.
Тие бараат да се воведе квота за странците, но и за преку граничните работници , азилантите и бегалците. Тврдат дека бројот на овие луѓе го „разболел“швајцарското општество, со што се зголемил и криминалот.
Според последните испитувања на јавното мислење , со иницијативата ја подржуваат 43 проценти од граѓаните, 50 проценти се против, а неодлучни се седум проценти. Референдумот може да има долгорочни последници бидејќи навлегува во едно од начелата на ЕУ, а тоа е слободата на движење. Иако Швајцарија не е членка на ЕУ, со неа има 120 билатерални спогодби од сите области.