НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиљановска-Давкова: Не сме стебло без корен, не се откажуваме од природниот пат кон членството во ЕУ по словото на Копенхагенските критериуми

0
By Zoran Ivanov on August 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не сме стебло без корен, не се откажуваме од природниот пат кон членството во ЕУ оти отсекогаш сме дел на Европа. Цврсто сме решени како што беше европски зацртано да стигнеме до целта до 2030 година, европеизирани по словото на Копенхагенските критериуми,  порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на централната свеченост на Мечкин камен по повод Денот на Републиката – Илинден.

На овој празник над празниците таа потсети на вековната македонска борба за самостојна и суверена држава, на нејзините темелни вредности и принципи, со крв запишани во возвишената Magna Carta Libertatum ̶ Крушевски манифест: слобода или смрт, правда, еднаквост, соживот и на идејата. Тука, на Мечкин Камен, рече таа, за нив се жртвувале Питу Гули и неговите соборци, задолжувајќи ги сите следни македонски генерации на вечна благодарност.

Ако сакаме да се повикаме на Крушевскиот манифест денес како суверена, самостојна, демократска, социјална држава, рече претседателката, мора да се посветиме на владеење на правото и да се избориме со ендемската корупција.

– Длабинскиот поглед на државата, разоткрива во изминатите години и децении: ендемска корупција и организиран криминал, слаби институции, силни партии и моќни поединци, вонинституционално одлучување, партократија, како закана за парламентарната демократија, партизирана и политизирана администрација. Несанкционираната одговорност и неказнивоста го руинираа судството, ја деградираа животната средина, ги нарушија меѓуетничките и меѓучовечките односи, продуцираа катастрофи и трагедии, стимулираа неединство околу прашањата од национален интерес, за кои единството мора да биде императив, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, најперспективните млади луѓе масовно се иселуваат во потрага по пристојно место за живеење, а меѓу нив, вели, заради нашата вештачка одделеност од ЕУ, од економски причини, има и сограѓани кои посегнуваат по државјанства на наши соседи, членки на Европската Унија, што буди националистички апетити кон нас.

– Не смееме да ги заборавивме праведните идеали на оние на кои денес им се поклонуваме и ги славиме. Време е за нова пролет на нашата република, за навраќање на републиканските корени. Што значи тоа? Македонските граѓани од својата република очекуваат барем две нешта ̶ слобода и правда. Притоа, кога зборувам за слобода, не мислам само на политичката, туку и на економската, академската, културната, социјалната…Кога зборувам за правда, не мислам само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и на генерациската правда. Не смееме да изумиме дека предуслови за слободата и за правдата се владеењето на правото и еднаквоста пред законот, подвлече Сиљановска – Давкова.

Таа порача дека никој не смее да остане недопирлив пред правдата, за што, вели, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството.

– Ако се повикуваме на Крушевскиот манифест, мора да бидеме верни на неговата основна идеја дека соживотот меѓу различните се гради во присуство на правда и на слобода. Затоа, мора да го искорениме плевелот на корупцијата и на криминалот. Никој не смее да биде недопирлив, независно дали е поранешен или актуелен политичар или функционер, судија или влијателен бизнисмен. За правдата да биде неселективна и навремена, потребни се забрзани и длабоки реформи во правосудството, а тие почнуваат со европска правна рамка, но и со европски критериуми на регрутирање, како и со европски стандарди на функционирање и одговорност, нагласи таа.

Според неа, имаме потреба од длабоки и суштински реформи во секоја област по европска мерка: со заштитени слободи и права, со владеење на правото и бескомпромисна борба со корупцијата; со стратегиски партнерства со државите со заеднички вредности и интереси; со независни и функционални институции; со компетитивна економија и со капитални инвестиции; со партиципативна политичка култура.

– За таа цел, ние се стремиме кон членство во Европската Унија зашто и таа е идејно чедо на Мациниевата „Млада Европа“. Легитимно прашање е дали и колку денешнава Европска Унија, односно нејзините највисоки претставници се во дослух со идеалите на своите идејни творци и основачи. Чинам дека сеништата или сенките на старата Европа како да не се далечно минато или како да осамнуваат неочекувано. Се покажа дека ЕУ не е имуна на кризата на лидерството и на демократскиот дефицит, вели Сиљановска- Давкова. Напротив, вели таа, тие се очигледни.

Таа се осврна и на предизвиците на нашиот европски пат и на билатерализацијата на евроинтегративен процес.

– И денес, забележувам остатоци од старата Европа: уморна од проширувањето, којашто од нас бара „храбри отстапки“, без да има храброст да им се спротивстави на двојните стандарди; Европа којашто дозволува билатерализација на нашата интеграција и толерира блокади поради идентитетски и историски прашања; Европа којашто ги менува правилата на игра по барање на членка; Европа којашто понекогаш го толерира заобиколувањето на основните вредности и принципи вградени во фундаменталните документи: Договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права. Иако конститутивните акти ја обврзуваат Унијата да ја почитува европската „богата културна и јазична разновидност“, „националниот и културниот идентитет“, „дигнитетот и интегритетот“ оти гордо се дефинира како „единство на различности“, таа замижува пред нивното кршење во интерес на единството и мирот во куќата, рече Сиљановска Давкова.

Според неа, чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да се слушаат европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите!

Неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент, како школа на европската демократија, подвлече таа, да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет.

-Ние не се срамиме од фактот дека со сопствени сили, по вековна борба, се изборивме за државност во 1944-тата и дека мирно се раздруживме од СФРЈ и стекнавме независност во 1991-та. Напротив. Во нашата историја нема црни дамки, оти не сме вршеле репресалии, асимилации и депортации. Како мал, храбар и миротворен народ, секогаш сме биле на праведната страна на историјата, на страната на слободата, антифашизмот и антиколонијализмот. Ние не сме стебло без корен. Нашата слобода и нашата република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските и хумани визии на „Млада Европа“. И затоа, на оној што ќе ни рече „вие сте млад народ со млада држава“, ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за „Млада Европа“ и за светот како поле за културен натпревар на народите, вели таа.

Колку и да ни е тешко, потенцира Сиљановска Давкова, не треба да се обесхрабруваме од пречките, оти сме опстоиле и сме надминале и потешки проблеми.

– Не сме сами. Имаме пријатели – демократи коишто го почитуваат нашето право на национален и културен идентитет, на граѓански дигнитет и интегритет зашто и самите го уживаат. Верувам во нивната поддршка и помош. Тие не се плашат да укажат и да се спротивстават на двојните стандарди и на анахроните обиди за ревизија на историјата. Ние не се откажуваме од природниот пат кон членството во ЕУ оти отсекогаш сме дел на Европа: географски, историски и културно, зошто не и политички. Едноставно, ние балканските народи и нации сме биле, сме и ќе останеме Европејци. Цврсто сме решени како што беше европски зацртано да стигнеме до целта до 2030 година, европеизирани по словото на Копенхагенските критериуми, порача Сиљановска Давкова пред присутните гости.

 

говор илоинден Крушево Сиљановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.