Тековната сезона во Формула 1 шампионатот ќе биде последна за Даниел Рикардо (29) во болидите на Ред Бул. Австралиецот, како што пишуваат британските медиуми, од наредната ќе вози за Рено. Иако во изминатите денови во Ф1 светот се пишуваше за продолжување на соработката меѓу пилотот и тимот со база во Милтон Кејнс, Велика Британија, но, сепак, до договор не дојде.
Како причина за разделбата на Ред Бул и Рикардо се наведува доделениот статус на прв возач за Макс Ферстапен, а со тоа и далеку подобри финансиски услови за Белгиецот.
Од тимот истакнаа дека одговорно и посветено ќе настапат во сите трки до крајот на сезоната, но и за отпочнување со потрага по замена за Даниел Рикардо.