Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Ерзурум во источна Турција, јави Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи.
Земјотресот е регистриран во 19.45 часот по локално време во блиску до градот Ашкале на длабочина од 7 километри. Нема информации за материјална штета и повредени во земјотресот, но земјотресот предизвика паника кај населението.