Пред спортската сала Скендерија на влезот на Ледената дворана синоќа жителите на Саравево ги вознемири силна експлозија.
Нема повредени, но е причинета материјална штета, соопшти полицијата од Кантонот Сараево.
Од силината на детонацијата испукале стаклата на околните објекти. Нема информации дали експлозијата е поврзана со социјалните протести во БиХ.